Почетна / Забава / Обединети силите за спас на планетата Земја

Обединети силите за спас на планетата Земја

 

Спајдермен официјално ги обединува силите со најголемата светска волонтерска акција за спас на планетата Земја. Спајдермен ќе биде првиот суперхерој – амбасадор на глобалното движење на Часот на планетата Земја, организирано од WWF (World Wide Fund for Nature), во кое Македонија оваа година се вклучува по петти пат.

Andy Ridley, ко-основач на Часот на планетата Земја и Jeff Blake, директор за маркетинг во Sony Pictures Entertainment ја објавија оваа интересна вест во рамки на лансирањето на Earth Hour Blue (Синиот час за планетата Земја) – нова, радикална и дигитална crowdfunding и crowdsourcing платформа за помош планетата, стартувана за да ги обедини и охрабри луѓето ширум светот да се вклучат во познатиот настан кога целиот свет ги исклучува светилките на еден час, што оваа година ќе се одржи на 29 март (сабота), во 20:30 часот по локално време.

 

 

Оваа година, Часот на планетата и херојот од филмскиот спектакл The Amazing Spider-Man 2 – заедно со филмските ѕвезди, Andrew Garfield, Emma Stone, Jamie Foxx и режисерот Marc Webb – ја дават својата поддршка за Часот на планетата Земја, акција која има за цел преку мала иницијатива во општеството, да направи голема промена на планетата.

“Горд сум што Спајдермен е првиот херој-амбасадор на Часот на планетата Земја бидејќи тој покажува дека сите можеме да бидеме суперхерои кога ќе сфатиме кои моќи ги поседуваме, моќи со кои можеме да направиме голема промена”, изјави Andrew Garfield, кој го глуми Спајдермен во новиот дел од филмот. “Часот на планетата Земја е движење кое има големо влијание ширум светот, па замислете што можеме да направиме оваа година, кога го имаме и Спајдермен на наша страна.”

“Часот на планетата Земја ви ја дава моќта да ги инспирирате останатите, дури и ако сте еден човек, дури и ако станува збор само за еден час. Знам дека и оваа година ќе направиме многу голем настан”, сподели актерката Emma Stone.

“Ова движење во кое се приклучуваат суперхерои – луѓе кои ја обединуваат силата за да инспирираат промена за доброто на планетата, замислете ги можностите кога ќе се обединиме и ќе направиме многу повеќе”, додава Marc Webb. Македонија петта година по ред станува дел од ова глобално движење за спас на планетата.

“Очекувајте многу интересна кампања за Часот на планетата Земја и во Македонија, која ќе биде целосно креирана од нашиот тим, и ќе започне на 1 март. Ние се приклучуваме кон глобалното движење, и ја пренесуваме истата порака, ја користиме светската кампања, но ќе создадеме и нешто македонско!“ – изјави Ѓорги Селков, главен организатор на Часот на планетата Земја во Македонија.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!