Трини, со цел да направи да страда ќерката на Лусија и признава дека ја нашла брезлатната во станот на Октавио, својот љубовник. Со солзи во очите Сесилија и префрла на својата тетка дека е превртлива и зла.
Чоле, кој а е сведок на дискусијата ја прашува Трини до кога ќе биде толку подмукла? И вели дека најдобро за сите е да замине од градот и да ги остави на мира Лусија и нејзинте ќерки. Тогаш, Трини ја потсетува старата домрка дека Анхелес не е ќерка на Лусија туку нејзина. Чоле цинично и префрла дека никогаш не заборавила а Трини ја потсетува дека никогаш не смее да излезе од нејзина уста дека Анхелес е ќрека на Тринидад.
Сесилија во солзи бара прошка од својата мајка што никогаш не и верувала за Октавио.
Анхелес игра нова игра. Овој пат го уверува Хоакин, пријателот на Густаво дека Лусија е решена да сведочи на суд против Густаво со цел да го осудат на долги години затвор.
Моника ја советува својат апријателка Сеси да заборави на се што било со Октавио и да му се врати на Хаиме кој безусловно ја сака.
На големо изненадување на сите во судницата, на клупата за сведоци се појавува Наталија Роблес која признава дека во нејзино присуство Игнасио Соријано го имал првиот срцев удар, по што е логично да следувал и втор.
Сесилија го моли Хаиме за прошка, но тој и вели дека му треба време за да можат да бидат повторно заедно.
Благодарение на судот на Наталија, судот го прогласува Густаво Монтемар за невин!
Анхелес ја наоѓа својата помала сестра во солзи и ја теши да се бори за човекот кој го љуби како што таа се бори за Густаво.
Ракел го известува Густаво дека Луз Марија е задолжена за присуството и сведочењето на Наталија.
Како знак на благодарност, Густаво и дарува букет со рози на својата лична асистентка.
Анхелес дознава преку телевизија дека Густаво е прогласен за невин и радоста ја споделува со Чоле.
Лусија доаѓа во ординацијата на Густаво да му честита. Меѓу другото го кани на специјална вечера само за нив двајца, но Густаво ја одбива поканата.
Лусија уште повеќе е несреќна кога Нати ќе и соопшти дека Густаво го поканил целото друштво на вечера за прославата.
За време на вечерата на која присуствуваат Густаво, Нати, Хоакин, Естер, Луз Марија и Хулијан, Густаво бара од Луз Марија да живее со неа. Луз Марија среќно прифаќа и моментот го крунисуваат со страсен бакнеж. Нати се чусвтвува непријатно и не знае како и дали да и ккаже на Лусија.
Чоле ја советува Лусија дека железото се кова додека е топло. Дека мора инстантно да делува доколку сака да го поврати Густаво.
Алфредо ја кани Нати да го поминат викендот на село.
Следното утро, Лусија е решена да зборува со Густаво и да се смират. Доаѓа во неговиот стан и на свое големо изненадување вратата од станот ја отвара Луз Марија.
Ракел и сооштува на Трини дека Густаво и официјално се гледа со својата асистентка, по што Трини веднаш и јавува на својата внука, известувајки ја Анхелес дека Густаво е во врска со Луз Марија.
Штом ќе дојдат на село, Алфредо и зборува на Нати за несреќниот брак со Тринидад и дека никогаш не верувал оти ќе најде жена како неа. Во спонтан разговор, Алфредо ја запросува Нати, понуда која адвокатката ја прифаќа со отворено срце.
Во својата ординација Густаво добива неочекувана посета.
продолжува