Почетна / Вебновела / Црвена месечина 124

Црвена месечина 124

Сто дваесет и четврто продолжение од вебновелата “Црвена месечина”

 

 

Висента беше одлучна да зборува со Артемио и да му префрли што се спуштил на толку низок начин за да ја добие ќерката. Лоренсо се обидуваше да ја разубеди.
– Те молам немој да одиш. Опасно е за тебе. Не сакам да ти се случи нешто лошо.
– Ако ми се случи нешто лошо, ќе ми се случи на мене, не на тебе. Ако се плашиш дека ќе кажам дека ти си ми ја кажал вистината, не плаши се, твоето име нема да биде спомнато. Ќе кажам дека самата сум открила.
– Те молам, Висента сослушај ме, – ја молеше тој, држејки ја за рацете.
– Те молам не ми прави сцени пред моите гости. Пушти ме!, – додаде таа и кога се солободи од неговите раце и го напушти пансионот.

Во својот апартман во хотелот, Артемио имаше состанок со својата помошничка Лусија.
– Мораме да најдеме некој кој ќе ја води агенцијата сега кога Естер повеќе не работи за нас. На Ана Вирхинија не и се допаѓа таквата работа. Можеби Грасиела ќе може. Јави и се и кажи и дека утре сакам да ја видам кај мене во канцеларија. Најде ли терен?
– Да, – одговори Лусија и му подаде документ. – Се наоѓа во Морелос, на неколку километри од градот Сан Андрес. И што се случи со земјиштето на Ла Луна? Нема ли да се користи?
– Тоа излезе пропаднат бизнис, – призна Артемио кој тешко го признаваше поразот. – Една од работите поради кои треба да му наплатам на Фабијан е таа земја.
– Се одлучи да му го поштедиш животот?
Артемио не одговори ништо, бидејки некој затропа а вратата. Лусија стана да види кој е. Погледна низ шпиунката и го извести Артемио дека е Виснета.
– Повлечи се, – и нареди тој. Лусија го зеде приборот за работа и без збор влезе во собата отспротива. Артемио ја поправи краватата и ја отвори вратата.
– Какво изненадување. Влези.
– Нема да ти одземам многу време, Артемио. Само дојдов да ти кажам дека знам се за тебе. Затоа да не заобиколуваме и да прејдеме на главното. Знам дека си убиец кој што држи агенција за вработување која не е агенција за вработување туку агенција за проститутки. Лажеш наивни девојки кои ги тераш да заработуват продавајки го своето тело.
– И кажа ли на мојата ќерка?
– Не, само дојодов да те предупредам да се одалечиш од неа. Ако не и се тргнеш од патот, се ќе и кажам.
– Висента, те молам ,почекај. Ова можеме да го решиме некако. Колку сакаш? Милион?
– Не знаеш колку сум горда што те гледам и радо можам да кажам дека не ме интересираат твоите милиони.
– Тогаш, прави што сакаш. Но, дај ми време.
– Не.
– Тогаш, дозволи ми понекогаш да ја гледам Матилде. Не можеш да ми го земеш правото на татко.
Таа не одговори ништо. Само го погледна со презир и ја напушти просторијата.
– Проклета да е!, – низ заби процеди Артемио и ја повика Лусија.
– Јави му се на Лоресно и кажи му да дојде. Веднаш!

Алехандро ја побара Аурора, откако Бенигно му го даде нејзиниот телефонски број. Девојката беше пресреќна кога го слушна неговиот глас.
– Алехндро, мило ми е што те слушам и што ме помниш.
– Како си, Аурора? Да, да, Бенигно ми кажа.
– И што велиш за тоа дека ќе бидам актерка?
– И за која продуцентска куќа ќе снимаш?
– Не знам и сеедно ми е. Ја поминав аудицијата и ми кажаа дека ќе ме платат добро. Деновиве треба да потпишам договор. Ќе бидам на филм, ти се верува?!
– И не можеш да се сетиш за која продуцентска куќа станува збор?
– Не. Само знам дека девојката која ме најми се вика Ана Вирхинија.
– Ана Вирхинија рече?, – шокирано ја праша.

Лоресно веднаш се појави во апртманот на Артемио како и што му беше кажано.
– Каде гори?, – ја праша Лусија која му ја отвори вратата.
– Висента беше тука и кажа дека знае се.
– Ме спомна мене?
– Не.
– Мислев дека треба да ја имаш под конторла,- дрско му рече Артемио од зад грб. – Знае за агенциите и кој знае за уште што.
– Немам претстава од каде дознала, – рече Лоренсо.
– Твоја работа е да дознаеш. Сакам да се ослободиш од неа. Убиј ја! Ослободи се од телото, фрли ја во реката, во некоја бездна, каде сакаш само да не ми пречи! Дали сум јасен?
– Но, ако ја убијам, Матилде може да се посомнева.
– Нема да се посомнева бидејки за тоа те плаќам, имбецилу! Ја сакам мртва, најскоро!

Марија Клара лежеше безживотно во својата посетла кога некој затропа на вратата.
– Не сакам да видам никого!, – извика иако не знаеше кој е.
– Но, јас сакам да те видам, – рече Алехандро и влезе во собата.
– Јас не сакам да видам никого, – повтори таа со исцрпеност во гласот.
– Смеам ли да знам зошто?
– Бидејки нема да се омажам за тебе!
– Повеќе не ме сакаш?
– Не.
– Повтори го тоа и гледај ме во очи, – рече тој, седнувајки до неа на креветот. – Повтори.
– Порано бев среќна. Ништо не ми недостасуваше. Немав грижи ни болка.
– Така било бидејки си била дете, заштитено дете. Но, нештата се променија бидејки ти созреа, порасна…
– Ако болката е дел од зрелоста не сакам да бидам зрела.
– Зарем се каеш и за нашата љубов?, – ја праша.
– За тоа не.
– Тогаш зошто дозволуваш некои луѓе да ти ја одземат среќата и таа твоја убава насмевка? Живеј го животот, Марија Клара, не дозволувај несреќите да те спречат. Најважно е да не се предадеш. Љубов моја, јас те сакам, те сакам, – и повторуваше бришејки ги нејзините солзи од лицето. – Сакам да се оженам со тебе. Сакам да бидеш моја жена. Сакам да изградам фамилија со тебе.
– Каква фамилија кога јас повеќе нема да можам да имам деца?
– Кој ти го кажа тоа? Тетка ти.
– Не, ги слушнав кога зборуваа со Фабијан.
– Љубов моја, децата не се единственото мерило за еден пар да биде среќен.
– Јас отсекогаш сакав да имам деца. Не сакам да ти го одземам правото на твои деца. Затоа не сакам да се омажам за тебе.
– Светот е полн со деца кои немаат родители. Деца кои бараат родителска љубов за луѓе кои не можат да имаат свои. Можеме да посвоиме многу деца. Хациендата е голема и има многу соби. И не, не ми вели дека не е исто. Љубовта не знае за разлики. Замисли да имаме две момчиња и две девојчиња кои ќе пливаат со нас во реката.
Ваквите зборови предизвикаа насмека на нејзините усни. Ги рашири рацете и го зеде во прегратка.
– Ти благодарам што си толку добар.
– Ти си ангелот во нашата врска и затоа ми требаш. Потребна си ми за да ми ги разубавуваш моите денови и ноќи. Целиот мој живот.
– Никогаш немој да ме оставиш, Алехандро. Никогаш.
– Не би можел, – низ шепот одговори тој и ги побара нејзините усни. Ги љубеше долго и страсно.
„Само ако ја задржам твојата доверба ќе те натерам да ми ја откриеш тајната, каде е Црвената Месечина?!„

Пас го подготвуваше ручекот во кујната, кога Имелда ја извести дека ја бараат луѓе од полиција на вратата.
– Зошто мене ме бараат луѓе од полиција, Имелда?, – праша.
– Не знам, Пас, само рекоа дека сакаат да зборуваат со тебе.
Готвачката ги забриша рацете од кецелата и потрча кон ходникот каде што стоеа двјаца офицери од полициската станица.
– Пас Моралес?, – ја праша едниот.
– Да, јас сум.
– Дали Епигменио Сантана е ваш брат?
– Да.
– Телото на Епигменио Сантана утрово беше најдено близу реката во Сан Себастијан. Најверојатно струјата го исфрлила. Телото е одвај препознатливо што не доведе до помисла дека бил убиен со недели.
– Убиен?, – крикна Пас, држејки се за устата.
– Најдовме прострелна рана во неговото тело, госпоѓо. Ќе можете ли да дојдете со нас да го идентификувате?
На скалите стоеше Алехандро и го слушаше рагзоворот помеѓу готвачката и полицаецот. Кога ја напуштија просторијата слезе во салонот и наполни чаша со коњак. Му требаше нешто силно за да му ги смири нервите.

Уште само 6 продолженија до крајот!

 

 

LucasScott | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!