Главен дел од програмата на Алфа телевизија последнава година се српските емисии кои постојано се емитуваат. По завршувањето на српската играно-документарна серија „Семејни тајни“ во нејзините термини започнува слична серија насловена како „Необјавени приказни“. Се работи за емисии кои веќе се емитуваа на Алфа во текот на летото и кои овој пат ќе се емитуваат репризно и тоа во неколку термини во текот на денот: 15:50 часот, 21:00 часот и 12:30 часот.
„Необјавени приказни“ е српска емисија прикажувана на Пинк телевизија која што низ повеќе епизоди дава реконструкција на потресни животни приказни. Алфа вели дека настаните се вистните и се направени според вистински настани кои ги пријавиле гледачите.
Покрај репризите на оваа емисија и српската „Невозможна мисија“, гледачите се прашуваат што се случи со долгонајавуваните „Алфа акција“ и „Тајни“.
„Алфа акција“ беше емисија правена како реконструкција на криминални случаи која на Алфа се најавуваше околу пет месеци за потоа мистериозно најавата да исчезне. За разлика од неа, форшпанот за хрватската теленовела „Тајни” се уште се емитува на Алфа, но не се знае дали некогаш овие две содржини ќе го видат светлото на денот.
Дани Петковска | ТВ Пакет