Од шестото live издание на „Х Фактор“ дома си замина Харис Чато. Музика, солзи и конфликти ја одбележаа синоќешната епизода. Прочитајте подолу како помина шоуто, но и што е она што највеќе се коментираше на социјалните мрежи.
Од шестото live издание на „Х Фактор“ дома си замина Харис Чато. Музика, солзи и конфликти ја одбележаа синоќешната епизода. Прочитајте подолу како помина шоуто, но и што е она што највеќе се коментираше на социјалните мрежи.
Вечерта ја отвори Тамара Милановиќ со емотивна песна на англиски јазик. „Ми се допаѓа песната која ќе ја отпеам вечерва, но морам да признаам дека сакав да испеам поинаква верзија од онаа што ќе ја пеам вечерва, да бидам искрена, се плашам од вечерашниот настап“, изјави Тамара додека заедно со останатите финалисти се подготвуваше за вчерашниот настап.
Водителката Ана Михајловски Грубин најави дека наскоро ќе почнат да се продаваат карти за финалето, во кое ќе гостуваат големи светски ѕвезди. Тамара излезе боса на сцена и ја отпеа песната „Skinny love“, чиј оригинал го изведува Birdy. Емина изјави дека Тамара не се оттргнала од својот стил, но неа не и се допаднал костимот. Кристина и порача на Тамара дека ја сака и оти од издание во издание е се подобра.
Даниел Кајмакоски ја изведе песната „Stay“ од групата Hurts. Кристина вели дека оваа песна ги истакнала сите негови квалитети и оти била како создадена за него.
Лукијан Ивановиќ на сцената се појави со песната „Брод у боци“ од Оливер Драгојевиќ. Интересно е тоа што самиот го обработил аранжманот на песната. По изведувањето на песната, Жељко му рече дека постојано фаширал и оти цела песна била уништена поради тоа.
Харис Чато повторно предизвика конфликти меѓу жирито. На Кристина и се допадна настапот, а на Жељко не, па тие двајца расправаа околу неговиот стил.
Илма Карахмет се претстави со песната „Hurt“ од Кристина Агилера. Големи кафези и танчери зад неа го одбележаа настапот, Илма изјави дека песната ја посветила на својот починат дедо. Жељко наместо да даде коментар тој само аплаудираше.
Маид ја изведе песната „Кад заспу анџели“ од Горан Каран и доби одлични критики како од жирито така и на социјалните мрежи. Алекса Перовиќ ја отпеа песната „Поглед у тами“ од Сереј Четковиќ. На сцената се појави и нашата Калиопи која ја отпеа песната „Црно и бело“ со која ја претстави Македонија на „Евровизија“. Докторите ја отпеаја „With or without you“ од групата U2. Александра Брковиќ со својот специфичен глас ја изведе песната „Back to black“ па доби негативни критики поради тоа што не пеела со својот оригинален глас.
Калиопи повторно се појави на сцената, а потоа започна гласањето и се случи она што многумина го очекуваа, двајцата миленици на Емина Јаховиќ се најдоа во двобојот, Ликијан и Харис ги отпеаја своите песни за спас оној кој што излезе беше Харис Чато. Емина беше особено лута и дрска во своите одговори. Публиката на социјалните мрежи најде замерки на аутфитот на главната водителка, а и на фризурата на двете водителки во бекстејџот.
| ТВ Пакет