Почетна / Серии / „Огнови на љубовта“ влегува во последната етапа

„Огнови на љубовта“ влегува во последната етапа

 

Индиската серија што се емитува на Сител телевизија, „Огнови на љубовта“, пред неколку дена влезе во својата последна етапа, откако дејството се префрли уште 20 години подоцна.

 

 

Како што објавивме неколку пати претходно, актерите Ритвик Данџани и Аша Неги постојано се закануваа дека ќе ја напуштат сапуницата, сега тоа конечно и се случи. И покрај тоа што актерите останаа во приказната под услов да не се промени драстично нивниот физички изглед, сепак заминаа.

Извор од сетовите на „Pavitra Rishta“ вели дека Ритвик и Аша, ги снимија своите последни сцени. Оваа сапуница им даде слава и име на двајцата актери кои станаа пар и во реалниот живот. Дуото ќе добие едноставен излез од приказната, без многу драма. Според написите во Индија дознаваме дека Арџун и Пурви ќе заминат во странство со цел Арџун да се оперира од туморот во главата. Креативниот тим сеуште нема пронајдено нивна замена, но засега Арџун и Пурви нема да бидат споменувани.

 

 

Баже Николоски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!