Анхелес му вели на Дарио дека ниту мртва нема да му даде развод.
Состојбата на Ракел е стабилизирана откако претходната вечер беше прегазена пред килниката.
Луз Марија го известува Густаво дека Ракел била прегазена и дека возачот побегнал. Густаво веднаш ангажира истрага да се дознае злосторникот.
Анхелес и признава на својата тетка Трини во доверба дека таа била онаа која и подарила мртва птица на Луз Марија, дека таа го обила станот и го раскршила инвентарот, дека ја обоила ординацијата на Густаво со крв како и дека пратила некролог на име на Луз Марија во весникот.
Густаво во меѓувреме пак ја известува Лусија дека ја пријавил Анхелес во полицијата за стореното со некрологот во весникот. Лусија му се спротиставува и го набедува дека нема докази кои го докажуваат тоа, а Густаво ја прашува дали таа верува дека Анхелес не е способна да стори нешто такво? Лусија го остава без одговор хирургот.
Октавио ја посетува Ракел во клиниката известувајки ја дека тој бил оној што ја прегазил за да и одржи лекција, исто така ја предупредува дека следниот пат ќе биде фатален за неа.
Лусија очајна ј амоли Нати да го искористи своето влијание врз Густаво и да го убеди да го повлече обвинението против Анхелес.
Како да и е малку што Сеси страда за Хаиме, Анхелес како сол на отворена рана ја убедува својата сестра дека Хаиме се гледа со друга девојка.
Во меѓувреме, Хаиме меланхолично се сеќава на убавите времиња минати со Сеси.
На барање на својата пријателка, Нати го посетува Густаво и го замолува во име на нивното пријателство да го повлече обвинението против Анхелес.
продолжува