Почетна / Телевизија / Во Србија шпанските серии на врвот, наспроти турските

Во Србија шпанските серии на врвот, наспроти турските

 

Српските интернет медиуми се пофалија дека на нивните канали шпанските серии повторно се на врвот, односно серијата „Нескротливо срце“ (Corazon Indomable) вчеравечер била погледана од сите турски серии што се емитуваат на српската телевизија Прва.

 

 

Српската публика предноста и ја даде на бунтовната Марикруз, наспроти „Судбината Фатмаѓул“ (Fatmagulun sucu ne), „Карадај“ (Karadayi) и „Очајни домаќинки“ (Umutsuz ev kadinlari). Две од овие серии се актуелни и во Македонија, една од нив одамна заврши со емитување, но според податоците на AGB Nielsen ниту една турска серија во Македонија не била помалку гледана од која било шпанска серија, што значи дека македонската и српската публика сепак поинаку ги вреднуваат работите.

 

 

Единствената серија на Прва која била погледана од шпанската „Нескротливо срце“ е индиската „Отфрлена“ (Uttaran) која на тој канал се емитува повеќе од две години, така да имаше време да стекне верна публика, истатата индиска сапуница се емитува и во Македонија.

 

 

Притоа важно е да се спомене дека сите овие турски серии се емитуваат во поударни термии во однос на мексиканскиот хит.

Што мислите за оваа ситуација? Дали во Македонија ќе дојде денот кога некоја друга серија од кое било друго говорно подрачје ќе забележи поголема гледаност од онаа на турските серии?

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!