По Даниел Кајмакоски и Тамара Милановиќ, оваа недела уште една ѕвезда од Х Фактор ја посети Македонија – Стефан Коковиќ
Ѕвездата од „Х Фактор“, Стефан Коковиќ кој за жал стигна само до делот judges house во шоуто и не доби можност да го покаже својот талент и во live изданијата, вчервачер беше гостин во скопскиот ноќен клуб Шарк во т.ц. Беверли Хилс.
Стефан беше повикан и од Сител телевизија каде што направи интервју за утринската програма, а доби покана за гостување и од Лила Филиповска во популарното квиз шоу „Се или нешто“.
Стефан е мултиталентирано момче кое се занимава со мода, модна фотографија и музика и е многу успешен на сите полиња. Бунтовник е на ставот дека луѓето треба да се фокусираат само на одреден талент, доколку поседуваат повеќе. Смета дека човек може да биде квалитетен во повеќе полиња.
За себе знае да каже дека ја обожава камерата, сака да позира пред фотообјективите што не изненадува со оглед на тоа што активно се занимава со фотомоделство. Згора на се тој сака и новинарство. Ова момче навистина има многу таленти и едноставно не сака да прекине со ништо.
| ТВ Пакет