Тајзи Ви го претставува неговиот нов спот за трагично починатиот другар Гешо. Видео записот се снимаше на повеќе локации во и околу Куманово, а во него учествуваа сите пријатели, многу познаници и сестрата на прерано заминатиот другар, сограѓанин и брат.
Спотот се снимаше на денот на немилата случка, на едногодишниот помен, а Тајзи со многуте пријатели оддадоа почит за нивниот Гешо, со тоа што овој видео запис ќе биде уште еден момент за негов, вечен спомен. „Чувај ни га боже“ е песна во која Тајзи го изразува својот немир и своите чувства изразени на кумановски, а на истата никој не останува рамнодушен поради тежината на емоциите. На музика на Роберт Билбилов, со текст на Тајзи, спотот го реализираше Иноватива, а на него работеа Александар Пауновски како продуцент, Александар Ивановски – организатор на снимање, Кристијан Теодоров како директор на фотографија, монтажа- Бренсис, по сценарио и режија на Дарко Манасијески – Желе.
За спотот, ова се зборовите на Тајзи: ”Плачам и се смеам… Плачам затоа што ни фалиш секој ден се’ повеќе, а во исто време сум среќен затоа што со песнава осеќам дека дел од тебе уште живее во нас. RIP голем човеку!”, а вака изгледа:
| ТВ Пакет