Почетна / Забава / Пријавете се на првиот стилски натпревар кај нас

Пријавете се на првиот стилски натпревар кај нас

 

Интересен предизвик за секоја жена со стил во Скопје Сити Мол

Да се има уникатна појава во време кога понудата на модни парчиња и веќе презентирани аутфити е се поголема, е нешто што се носи во себе. Дамите со веќе изграден моден стил изгледаат моќно и самоуверено и секогаш се подготвени за нови предизвици. Токму затоа, по повод Денот на жената, 8-ми Март, Skopje City Mall им овозможува на сите припаднички на понежниот пол кои сакаат гордо да го претстават својот моден стил во јавност, за истиот да добијат вредни награди учествувајќи во изборот на жена со стил.

 

 

„Идејата ни е да направиме нешто посебно за жените, особено за оние кои ја сакаат модата, модните промени и ги следат модните трендови. Сакаме да го одбележиме денот на жената на еден уникатен, несекојдневен начин, со моден настан на кој, како за промена, нема да бидат претставени манекенки од модните студија, ниту пак дизајнерски парчиња облека, туку во центарот на вниманието ќе бидат дами од која било професија со свој препознатлив аутфит. Избраната жена со стил, ќе добие вредносени ваучери од Скопје Сити Мол“, изјавуваат од Скопје Сити Мол.  

 

 

Од вчера дамите кои сметаат за себе или за своите пријателки дека имаат уникатна модна појава, можат да се пријават за учество за избор на жена со стил, во веќе поставениот Show Room на влезот кај ул.МАНАПО во Скопје Сити Мол. Се што треба да направат е да ги остават своите податоци кај одговорните лица за проектот, да имаат веќе 18 години и притоа да приложат фискална сметка од кој било локал во Скопје Сити Мол со износ над 500 денари и да очекуваат информација за датумот и терминот за одржување на кастингот.

По завршувањето на кастингот, одбраните 8 дами со најдобар стил, ќе добијат ваучери кои ќе им послужат да изберат модни парчиња со кои потоа ќе се претстават на модниот настан. За оние дами кои ќе имаат храброст да учествуваат на кастингот, исто така ќе бидат обезбедени награди од Скопје Сити Мол.

Одговорни стилисти за целиот проект кои ќе ја изберат жената со стил ќе бидат нашите најпознати модни критичари Александар Билјановски – Дадар, Сергеј Варошлија и Сретен Костиќ.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!