До редакцијата на ТВ Пакет пристигна демант од продуцентот на МБК продукција Предраг Ристиќ и извршниот продуцент на Сител телевизија Зоран Додевски. Тие во демантот апелираат до медиумите концертот на Кики Лесендриќ да не се најавува како концерт на ѕвездите од Х Фактор, бидејќи учесниците на истиот ќе испеат само по една песна, ова ќе биде концерт на Кики Лесендриќ и групата Пилоти. Целото соопштение е во прилог.
МБК Продукција ја известува јавноста дека на концертот на еден од членовите на жирито на X Фактор, Кики Лесендриќ и неговата група Пилоти кој ќе се одржи на 14.03.2014 во спортската арена Борис Трајковски како специјални гости ќе настапат финалистите на X Фактор: Лукијан Ивановиќ, Доктори, Алекса Перовиќ, Тамара Милановиќ и Даниел Кајмакоски. Споменатите финалисти ќе го подржат концертот на Кики Лесендриќ со тоа што ќе испеат по само по една композиција како специјални гости на концертот, а оваа единствена прилика финалистите ќе ја искористат да ги повикаат своите обожаватели на спектакуларното финале во втората половина на март во Комбанк арената во Белград. Апелираме на медиумите овој концерт да не го најавуваат како концерт на финалистите на X Фактор, туку само како концерт на Кики Лесендриќ и Пилоти. Покрај многубројните прашања на новинарите и обожавателите на ова музичко шоу, ја известуваме јавноста дека музичката турнеја на финалистите на X Фактор ќе се одржи по завршувањето на првата сезона на најпопуларното музичко шоу на Балканот, во април месец оваа година.
Крис Манев | ТВ Пакет