Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #45 |Alevosía

Предавство, епизода #45 |Alevosía

 

По тешкиот состанок за Лусија каде што е тргната од позицијата директор на клиниката, жената бара утеха во прегратките на саканиот Густаво. Но, кога двајцата уживаат во топлата прегратка ги начекува Анхелес, која во момент на бес се колне дека ќе ги убие двајцата!

Алваро, таткото на Дарио го подржува својот син во разводната парница со Анхелес. Ја бара Анхелес во станот, но не ја затекнува дома. Трини го кани на кафе, и Алваро ја прифаќа понудата. Трини ја користи ситуацијата и флертува со таткото на Дарио. Му вели дека имала бурна врска со човек кој ја оставил за друга и дека бара утеха во друг маж.

Кога Лусија ќе се врати таа вечер дома, Сеси и Чоле ја известуваат дека сметта дека Анхелес и Тринидад најверојатно ја прават Доња Инес сенилна, а дека старицата е во сосема здрава состојба.

Лусија ги поврзува нештатата и конечно го сфаќа планот на својата помала сестра, која само сакала начин да ја тргне од клиниката.

Кога Анхелес ќе се врати дома таа вечер, Лусија се соочува со својата ќерка. Анхелес и признава се како што било, дека во договор со Трини сториле нејзината баба да делува сенилно за да и даде полномоштво од акциите во клиниката. Слушајки ја исповеста на својата ќерка, Лусија ладнокрвно и удира силна шлаканица.

Анхелес и се заканува на Лусија дека ќе замине од дома доколку не ја раскине својата врска со Густаво. Но, Лусија овој пат е решена да се бори до крај за она што го сака. Анхелес ги собира своите работи и ја напушта вилата доцна во ноќта.

Анхелес се враќа во својот стан, кој таттко и го купи за неа, а каде што сега живеат Естер и Хоакин. Анхелес ја лаже својата пријателка Естер дека Лусија ја истерала од дома и дека нема каде да оди.

Хоакин одбива да живее во ист стан со Анхелес, но Естер го убедува дека тоа ќе биде кратко, се додека не најдат свој стан.

Следното утро, Трини му помага на Октавио да ја среди претседателската канцеларија.

Лусија го известува дека Сесилија и Диего ја прифаќаат нивната врска и дека повеќе нема потреба да ја кријат нивната врска. 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!