Почетна / Телевизија / Во 2013 операторот ОНЕ со континуиран раст

Во 2013 операторот ОНЕ со континуиран раст

 

Соопштение:

Телеком Словеније д.д. информира дека на своето 13-то редовното собрание, одржано на 26-ти февруари 2014 година, Надзорниот одбор на Телеком Словеније д.д. го разгледа Неревидираниот извештај за работењето на Групацијата Телеком Словеније и Телеком Словеније д.д. за 2013 година.

Според извештајот, во 2013 година, Групацијата Телеком Словеније остварила приходи од работењето во висина од 799.2 милиони евра, зголемување од 3.9 милиони евра во однос на 2012. Добивката од работењето изнесува 71.5 милиони евра, што претставува зголемување од 7.3 милиони, или 11% во однос на 2012 година.  Групацијата Телеком Словеније оствари нето добивка од 52.3, милиони евра, што претставува зголемување од 7.7 милиони евра или 17%, во однос на 2012 година.  EBITDA достигна 237.8 милиони евра, што пак претставува намалување од 1% или 30.5% од приходите од нето продажба во 2012 година. Нето финансискиот долг на Групацијата Телеком Словеније е 341.5 милиони, намалување од 1% во однос на 2012. Во 2013 година, Групацијата Телеком Словеније одвои близу 111 милиони евра за инвестиции.

 

 

Во 2013 година, Групацијата Телеком Словеније постигна раст на бројот на приклучоци, со тоа што бројот на корисници на мобилна телефонија се зголеми за 5.2%, бројот на фиксните широкопојасни приклучоци се зголеми за 1.4%, а и телевизиските приклучоци бележат раст од 15%.

Во 2014 година, Групацијата Телеком Словеније планира да оствари нето добивка од 63 милиони евра, EBITDA до 212 милиони евра и CAPEX до EUR 137 милиони евра. Телекомуникацискиот оператор ОНЕ во Македонија (фиксна, мобилна телефонија и интернет) и Диги Плус Мултимедиа (дигитални услуги) значително ја подобрија својата успешност чијшто резултат се приходи од работењето во износ од 79.9 милиони евра,  што е раст од 8% во однос на минатата година. EBITDA забележа значителен пораст и изнесува 14.4 милиони евра, т.е. раст од 51% во однос на минатата година. Оперативната добивка изнесува 1,2 милиони евра, со што се надмина негативата од 5,2 милиони евра од претходната година. На резултатот позитивно влијаеше надоместокот од одредени побарувања кон поранешниот сопственик на компанијата.

Бројот на фиксните широкопојасни интернет претплатници на ОНЕ забележа пораст од  3% во споредба со крајот на 2012 година, и истиот изнесува 39,563 на крајот од 2013, додека приклучоците во фиксната и мобилна телефонија се намалија за помалку од 1% и изнесуваат 528 илјади. Телеком Словеније инвестираа 20.5 милиони евра во Македонија во 2013 година, стекнувајќи лиценца за дополнителни фреквенции кои ќе овозможат нови технологии (LTE/4G), пораст од цели 11.3 милиони евра претходната година.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!