Ништо од концертот на „Х-Фактор“ во Скопје доаѓаат само штитеничките на Кики Лесендриќ
По повод закажаниот концерт на 14. март во Арената Борис Трајковски, МБК Продукција излезе со официјално соопштение кое го пренесуваме во целост.
МБК Продукција поради новонастанатата ситуација одлучи дека на споменатиот концерт како специјални гости ќе присуствуваат финалистите нa Х Фактор, но само од групата на Кики Лесендриќ, односно Тамара Милановиќ, Илма Карахмет и Александра Брковиќ, поради веќе воведената пракса секој ментор да ги промовира своите кандидати.
Споменaтите финалисти ќе го поддржат концертот на Кики Лесендриќ, а оваа можност ќе ја искористат да ги повикаат сите љубители на ова популарно шоу да дојдат на спектакуларното финале во Комбак Арената во Белград кое ќе се одржи на 23. март.
Покрај многубројните прашања на новинарите и обожавателите на ова музичко шоу, ја известуваме јавноста дека музичката турнеја на финалистите на X-Фактор ќе се одржи по завршувањето на првата сезона на најпопуларното музичко шоу на Балканот, во април месец оваа година.
| ТВ Пакет