Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #51 |Alevosía

Предавство, епизода #51 |Alevosía

 

Трини го известува Октавио дека се омажила со Алваро во Лас Вегас, како и дека Андрес пишува роман за животот на Игнасио Соријано.

Анхелес ги известува Моника и Дарио дека нивниот татко се оженил со нејзината тетка Трини.

Ноќта, фамилијата Соријано се собира на свечена вечера во еден елитен ресторан, каде што слават за матурата на Сесилија.

За време на вечерата, Чоле и признава на Трини дека наслушнала кога Анхелес договарала да ја запалат винаријата на Мирјам и Габино. И се заканува да ја тргне од манипулациите и лошиот пат по кој чекори, во спротивно ќе и каже на Анхелес дека е ќерка на Трини.

Алваро е во дискусија со своите деца, Дарио и Моника кои не ја прифаќаат неговата врска со Трини.

Користејки ја шансата што вилата е празна, Октавио, претходно договорен со Трини, влегува во куќата да го украде лаптопот на Андрес.

Трини ја прашува Анхелес дали е вистина дека таа го предизвикала пожарот кај роднините на Густаво. Анхелес и признава дека е вистина и дека тоа го сторила од очај и преголема љубов кон Густаво.

Чоле, која ја напушта вечерата порано, поради мигрена, го затекнува Октавио во куќата. Се обидува да го спречи да го изнесе лаптопот, но Октавио ќе ја удри со ваза домаката по глава и ќе побегне.

Габино му се исповеда на својот внук Густаво дека Мирјам добила голема позајмица но дека не сака да му признае од кого. Габино се соменва дека парите на неговата жена и ги дала Лусија. Густаво се разбеснува поради ваквиот чин и ја бара Лусија по телефон.

За време на вечерата, Лусија ги известува своите деца дека раскинала со Густаво. Вакавата вест посебно ќе ја развесели Анхелес.

Октавио и се јавува на Трини откако безбедно ќе дојде во станот, известувајки ја дека го зел лаптопот на Андрес.

Кога ќе дојдат дома, Лусија и фамилијата ја затекнуваат Чоле на подот. Веднаш повикуваат полиција и итна помош.

Состојбата на Чоле е критична бидејки ударот и предизвикал повреда на нервите. Лусија е очајна и се плаши дека ќе ја загуби саканата нана. Во таква ситуација доаѓа Густаво во клиниката и Лусија силно го прегрнува барајки утеха во неговите прегратки.

Подоцна, доктороката ја известува фамилијата дека состојбата на Чоле е повеќе од сериозна.

 

ПРОДОЛЖУВА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!