Деновите минуваат а Чоле е пуштена на домашна нега. Нејзиното лице е парализирано поради силниот удар и не може да говори. Лусија е во постојаннадзор на саканата нана, а Трини постојано прашува како е, плашејки се дека Чоле може да ја открие нејзината тајна.
Андрес е бесен поради грабежот во куќата и со Диего споделува дека му е крајно сомнително што само неговиот лаптоп е украден. Констатираат дека истиот крадец ја има удрено и Чоле.
Чоле се чувствува слабо и бидејки не е во состојба да говори, бара лист и пенкало од Лусија. На листот хартија бара прошка од Лусија што молчела сите тие години и признава дека Тринидад е вистинската мајка на Анхелес. По напишаните редови, старата домарка умира во рацете на саканата Лусија.
Доња Инес и Трини дознаваат за смртта на Чоле. Ваквата вест ќе ја погоди старицата.
Следниот дел, Лусија организира опело во вилата. Сите кои ја ценеле Чоле ќе се појават на опелото. Трини се појавува под рака со Октавио, но Лусија нема да му дозволи да влезе во куќата.
Доаѓа и Густаво кој и изразува длабоко сочувство на Лусија. Нивната прегратка ќе ја погоди Анхелес која веќе беше помирена дека нејзината мајка и Густаво не се заедно.
Последниот поздрав од саканата Чоле е трогателен за целата фамилија Соријано.
Габино, во меѓувреме бара инвеститор за да ја обнови загубената винарија.
Следниот ден, по погребот на Чоле, Лусија и доња Инес се соочуваат со Трини, сега откако двете жени знаат дека Трини е мајка на Анхелес.
Лусија бара објаснување од својата сестра, но Трини лаже дека Игнасио и Чоле ја присилиле да ја остави на прагот бидејки сметале дека нема да биде достојна мајка.
Нати и Алберто имаат конфликт околу венчавката. Нати сака мала венчавка само за блиските, додека Алберто сака поголема церемонија и венчавка во црква, нешто што Нати не може да го прифати.
Откако Густаво ќе ја покани Лусија на кафе, таа му објаснува дека не и дала позајмица на неговата тетка и дека парите и ги позајмил некој друг.
Моника му изразува сочувство на Диего за загубата на дадилката, но Диего ја замолува да го остави сам. Ваквото однесување ја погодува девојката.
Кога Густаво ќе се врати во станот, наидува на изненадување. Во станот ја затекнува Луз Марија која му бара дозвола да остане со него неколку денови.
ПРОДОЛЖУВА