Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #58 |Alevosía

Предавство, епизода #58 |Alevosía

 

Откако ќе и ги признае злоделата, Октавио се обидува да ја направи Анхелес своја но девојката упорно го одбива и не му дозволува да ја допира, нарекувајки го монструм кој ја искористил довербата на нејзиниот татко за да ги задоволи своите цели.

Во домот на Габино, Густаво и признава на својата тетка Мирјам дека Лусија чека дете од Андрес и дека сфатил дека никогаш нема да може да биде со таа жена. Мирјам го прашува зошто е толку сигурен дека детето не е негово?

Октавио има договорена средба со Хулија, првата сопруга на Алваро која е заинтересирана да ги откупи неговите акции во клиниката Нуева Вида.

Сесилија одлучува да ја помине ноќта со Хаиме и а тој и приредува убаво изненадување во својот дом. Романтична вечера полна со рози и вино. Нивните тела се спојуваат за прв пат.

За време на вечерата со Октавио, Хулија покажува заинтересираност за клиниката и неговите акции. Октавио се обидува да ја заведе, но Хулија го известува дека и покрај неговиот шарм, додјена е за работа а не за романса.

Бидејки Сеси и Хаиме заминуваат за Бостон, Лусија и Диего си ветуваат дека нема ништо да и кажат на девојката за можното исчезнување на Анхелес. Ја испраќаат до аеродром, а потоа одлучуваат по секоја цена да ја најдат Анхелес.

Двајцата доаѓаат во канцеларијата на Октавио кој е првиот осомничен за исчезнувањето на девојката откако Андрес ќе ги ивести дека ги споделил своите сомнежи со Анхелес поврзани со убиството на Чоле и Игнасио.

Јоли, секретарката на Октавио ги известува дека директорот се нема два дена појавено на работа. Лусија прашува каде може да го најде освен в неговиот стан, а Јоли го известува дека може да го најдат и во старата куќа на Марта, старицата која му го остави својот имот во наследтво.

Лусија и се јавува на доња Инес да праша на која адреса се наоѓа куќата на нејзината покојна пријателка Марта. Сигурни дека Анхелес е киднапирана, Лусијаи Диего повикуваат полиција.

Состојбата на Нати се подобрува но докторот и забранува да се појави на работа бидејки може да и се поврати ударот од стрес. Алберто ветува дека нема да и дозволи на својата сопруга да излезе од дома.

Лусија успева да ја пронајде својата ќерка во стариот дом на Марта, но Октавио им се заканува со огнено оружје. Лусија со своето тело го штити телото на својата ќерка;

–          Прво ќе мораш да ме убиеш мене!

Драмата продолжува. Октавио и признава на Анхелес дека Лусија не и е вистинска мајка, туку дека нејзина мајка е тетка и Тринидад.  Во тој миг, во куќата доаѓа полиција, која ја има повика Диего, за кој Октавио не е ни свесен дека е присутен зад вратата во ходникот. Во куќата заедно со полицијата доаѓаат Андрес и Густаво, но Октавио успева да побегне, колнејки се дека тоа не е псолденото што го гледаат од него.

                Кога Анхелес ќе се врати дома, Трини ја посетува својата ќерка а Анхелес горко и префрла дека знае се, но дека никогаш нема да ја прифати како мајка, бидејки нејзина единствена мајка е Лусија.

Во меѓувреме, Диего му ги признава своите чувстава на Раул.

Анхелес бара прошка од Лусија за се што сторила и силно ја прегрнува неможејки да ги воздржи созлите, нарекувајки ја “мајка“.

Откако Анхелес ја одби како мајка, Трини не може да се помири и потресена доаѓа кај Алваро. Го лаже својот сопруг дека никогаш не можела да и пријде на својата ќерка бидејки Лусија не и дозволувала да и пријде.

Нати која не може а да не работи, на својот компјутер од дома дознава дека Октавио ги префрлил сите пари од клиниката на своја приватна сметка на Канрите и со тоа ја оставил клиниката во банкрот.

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!