Почетна / Телевизија / Сител ја откупи лиценцата за квизот „Pointless“

Сител ја откупи лиценцата за квизот „Pointless“

 

Оваа година на Сител телевизија ќе започне македонската верзија на британското гејм шоу „Pointless“. Лиценцата е купена од Endemol која претходно за Сител ја продаде лиценцата на „Се или нешто“ (Deal or no deal)

 

 

Ова е квиз на општо знаење во кој се натпреваруваат четири пара кои треба да даваат брзи одговори на прашања од различни области. Паровите може да бидат составени од членови на фамилијата, колеги, пријатели или луѓе кои се чувствуваат блиски. Целта на играта е да се соберат што помалку поени, а прашањата се кратки од типот „Наведи американски претседател“, „Наведи име на река“. “„Наведи раса на куче“, „Наведи лик од турска серија“. Натпреварувачите во студиото одговараат на исти прашања, а бројот на поени за секој точен понуден одговор одговара на бројот на личностите од групите кои дале ист одговор. За да се победи во оваа игра, важно е натпреварувачите да дадат одговор кои мислат дека ќе го знаат што помалку луѓе.
 
Шоуто своја верзија доби и во Хрватска, Франција, Германија, Полска, Швајцарија, а наскоро започнува и на Прва телевизија во Србија под насловот „Toga se niko nije setio“. Во Македонија ќе се емитува еднаш неделно, вкупно 30 недели. Сител е единствена приватна телевизија во Македонија која купува и прикажува светски лиценцирани шоуа.

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!