Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #61 |Alevosía

Предавство, епизода #61 |Alevosía

 

Поминаа три месеци од несреќата на венчавката на Густаво и Лусија. Диего и Сесилија се менуваат на смени чувајки ја својата сестра Анхелес која е во кома во општата болница во Гвадалахара.

Но, Анхелес не е единствената која се наоѓа во кома. Алваро, таткото на Моника и Диего е во кома, откако доби два метаци од Октавио за време на венчавката.

Третиот метак беше фатален за Андрес, братот на Игнасио.

Во меѓувреме, Херардо, адвокатот на Октавио го известува својот клиент дека може да излезе од затвор со кауција.

Доња Инес и Густаво и префрлаат на Лусија дека не се чува доволно и дека не внимава на детето кое го носи, но и покрај се, Лусија минува часови во болница покрај Анхелес, чија состојба е непроменета.

Хулија, се обидува да ја надмине смртта на саканиот Андрес. Моника се обидува да ја извлече мајка си од тешката депресија, но жената упорно одбива да го напушти својот дом.

Докторот задолжен за состојбата на Анхелес, го известува Густаво дека Анхелес нема никакво подобрување и дека ако продолжи така, најдобро е да ја тргнат од апаратите. Густаво го замолува докторот да не ја известува Лусија за тоа, се додека не се породи.

Лусија, пак се среќава со својата верна пријателка Нати и двете жени говорат за своите бремености. На тема се начнува Октавио и Лусија ја прашува адвокатката како може таков криминалец да биде пуштен на слобода. Нати ја известува дека слободата е условна и дека не може да го држат в затвор додека не биде осуден.

Следното утро, возејки кон работа, Густаво го судира својот автомобил со автомобилот на една друга убава жена. Кога ќе ја види жената сфаќа дека е Нурија, неговата поранешна девојка од Мексико Сити. Ја прашува што бара во Гвадалахара и младата жена му одговара дека е на визита. Докторот и дава своја визит карта на старата пријателка и ја замолува да го исконтактира доколку најде слободно време.

Подоцна, Густаво му се исповеда на својот колега и пријател Ваљадарес дека Нурија била жената која што најмногу ја љубел пред да ја сретне Лусија.

Трини ја известува Моника, ќерката на нејзиниот сопруг дека ако Алваро остане во кома, сите неговие добра ќе завршат во нејзина рака бидејки никогаш не ги потпишале документите за развод.

Во болницата, Лусија која постојано бдее над телото на Анхелес, добива посета од Хоакин и Естер кои ја известуваат дека се венчале во Канкун. Додека тече разговорот, Естер ќе забележи дека Анхелес благо се смее, но Хоакин и Лусија ја разубедуваат дека тоа е невозможно.

Трини го посетува Алваро во болница и го известува човекот во кома дека е решена да задржи се што е негово.

Додека уживаат во ноќните милувања, по долгиот ден, Лусија и Густаво добиваат телефонски повик дека Анхелес е во критична состојба.

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!