Докторот задолжен за Анхелес, ги известува Густаво и Лусија дека девојката страда од неумонија но дека за среќа кризата поминала додека тие доаѓале кон болницата.
Нурија постојано мисли на своето поранешно момче, но нема храброст да му се јави на Густаво.
Густаво доаѓа во барот кај својот пријател Хоакин и го известува дека утрото ја сретнал својата стара љубов Нурија. Хоакин го предупредува да не си прави нови проблеми со Лусија.
Доња Инес и Хулија се загрижени што Октавио ќе биде пуштен на слобода, по тероризмот кој го направи на венчавката.
Густаво не може да спие мислејки на Нурија. Со години го мачи едно исто прашање и сега кога девојката е толку близку, сака да ја најде. Ја минува ноќта барајки ја по сите хотели, но залудно.
Трини која е решена да ги добие сите добра на Алваро, го најмува Херардо, адвокатот на Октавио и му нуди голема сума на пари со цел да ги извлече сите пари од Алваро на нејзина сметка.
Густаво се сеќава на денот кога Нурија го оставила пред олтар на денот на нивната венчавка и цврсто ја прегрнува Лусија која спокојно спие покрај него.
Сесилија на скајп разговара со Хаиме и го известува дека штом ќе биде подобро Анхелес веднаш ќе му се врати во Бостон. Хаиме ја замолува да дојде што поскоро, но девојката му вели дека не може да ги остави сама нејзината мајка и брат.
Нурија го контактира Густаво по телефон и му закажува средба на пладне во блиската кафетерија.
Малвина Салвадро, која сега е новата сопственичка на клиниката, ја известува својата партнерка Лусија дека се повлекува од работата и дека нејзиното место во клиниката ќе го заземе нејзиниот син Марко Салвадор.
Во меѓувреме, Трини успева да ја погоди лозинката од сефот на Алваро каде што лежат сите потребни документи. Трини се заколнува себеси дека ќе ги остави без ништо Моника и Дарио.
Диего зборува со Алберто и му се жали колку е исфрустриран што не можат да сторат ништо за да го задржат Октавио во затвор.
Густаво се наоѓа со Нурија на закажаното место и ја прашува зошто го оставила на денот на нивната венчавка.
продолжува