Лусија на големо го подготвува враќањето на Ахелес во вилата. Најмува декоратор да ја ре уреди нејзината соба.
Во меѓувреме, Анхелес ја известува својата сестра Сеси дека и се допаднал младиот маж кој го сретна во ходникот.
Мирјам го известува својот сопруг Габино дека се плаши што Нурија се вратила во животот на Густаво и дека нејзиното доаѓање во Гвадалахара не е случајно.
Трини доаѓа да ја посети Анхелес во болницата но девојката не се сеќава во каква поврзаност е со неа.
Марко се преттавува како нов претседател пред одборот и персоналот. До него ќе добрат озборувањата дека е пре млад за да ја води клиниката Нуева Вида-Агва.
Нурија не може да престане да мисли на Густаво и постојано живее со убавите спомени од времето кога беа заедно. Повторно му се јавува на Густаво и го замолува да се видат.
Анхелес ја известува Лусија дека имала посета од Трини. Со желба да не се направи нова манипулација, Лусија и признава на својата ќерка дека Трини и е вистинска мајка, но дека таа ја израснала бидејки била мажена за нејзиниот биолошки татко. Анхелес смирено ја конзумира ваквата новост и Лусија е пресреќна што тоа е така.
Густаво и Нурија се наоѓаат во барот на Хоакин. Зборуваат за своето минато и Нурија се кае што не му кажала порано зошто морала да го остави.
Од својот адвокат, Октавио дознава дека Анхелес излегла од кома и го користи правото за разговор на телефон да и се јави на девојката.
Анхелес ја подигнува слушалката, а Октавио ја поздравува од другата страна со “здраво убавице. Се сеќаваш на мене?“
продолжува