Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #70 |Alevosía

Предавство, епизода #70 |Alevosía

По телефонскиот разговор со Лусија, Нурија си ветува себеси дека ќе се бори да го поврати Густаво.

Попладнето, полиција доаѓа во домот на Лусија и ја приведуваат Анхелес Соријано за подметнатиот пожар во винарата. Анхелес е збунета и не знае за што станува збор бидејки не се сеќава. Лусија бара помош од Нати а Нати ја известува својата пријателка дека самата Мирјам ја пријавила Анхелес во полиција. Лусија не може да разбере зошто.

Марко неможе да престане да мисли на Анхелес.

Во меѓувреме, Нати ја известува фамилијата дека Анхелес ќе биде задрѓана во болница додека не докаже дека има амнезија.

Трини ја убедува Лусија дека најверојатно Мирјам ја пријавила Анхелес во полиција бидејки никогаш не ја сакала Лусија за жена на својот внук.

Марко ја посетува Анхелес во притвор и и ветува дека ќе и помогне да излезе од таму.

Трини добива неочекувана посета доцна во ноќта. На прагот од нејзината врата се појавува Октавио кој и бара заем. И бетува дека кога ќе успее да излезе од државата и кога ќе дојде до кајманските острови каде што има вложено милиони во банка, двократно ќе и врати. Но, Трини не му верува и го истерува од својот дом.

Нати ја теши Луисја дека судот не може да и суди на Анхелес доколку докаже дека има манезија и не се сеќава на делото за кое и се суди.

Густаво и префрла на својата тетка зошто ја пријавила Анхелес, но Мирјам се колне дека не ја пријавила таа. Дури ниту Габинои не верува дека неговата жена не ја пријавила Анхелес.

Нати ја советува Лусија да се бори за Густаво и да не дозволува Нурија да ги раздели.

Анхелес иако не се сеќава што направила во минатото бара пршока од Густаво. Тој и вели дека се е заборавено и и ветува дека набрзо ќе ја ослободат од затвор.

Трини ја бара Нурија и за време на нивната средба и вели дека Густаво сеуште ја љуби.

Лусија му простува на Густаво и додека се смируваат заѕвонува неговиот телефон. Полна со надеж, Нурија сака да го слушне љубениот но Густаво не и одговара на повикот.

Сесилија ги споделува своите сомнежи со својот брат Диего дека можеби Мирјам навистина не ја пријавила Анхелес во полиција, и дека можеби тоа го сторила нивната зла тетка Тринидад.

Анхелес размислува зошто и кој бил мотивот да го предизвика пожарот во винаријата. Во такви мсили, во затвор ја посетува Марко кој доаѓа да ја види, но девојката го моли да се држи на страна од неа, бидејки е зла личност. Но, Марко е одлучен да остане и силно ја прегрнува. И ветува дека сака да биде со неа, дека ја љуби и дека би се борел против ветрот и плимата само да бидат заедно.

Мирјам и Габино ја посетуваат Лусија и и ветуваат дека никој од нив двајцата ја нема пријавено нејзината ќерка. Лусија  се прашува кој друг сака да им наштети толку?

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!