Почетна / Серии / Маратонско прикажување на „Библија“ на МТВ 1

Маратонско прикажување на „Библија“ на МТВ 1

 

Предвелигденска серија на Македонската телевизија

 

Од 11. април (петок) со почеток во 20 часот и 10 минути на првиот канал на МТВ започнува новата американска серија „Библија“ (The Bible). Серијата ќе се прикажува секојдневно по централниот дневник, како најава за најголемиот христијански празник кој ни следува овој месец.

 

 

Се работи за најнова адаптација на десетте најпознати библиски приказни од Стариот и Новиот завет, раѓањето, смртта и воскреснувањето на Исус, како и Арката на Ное придонеле серијата да има рекордна гледаност во САД. Веднаш по емитувањето на првата епизода, големата популарност на серијата и рекордните рејтинзи ја сместуваат „Библија“ на првото место на најпродавани мини серии на сите времиња. Се работи за епски спектакл кој чинел 22 милиони долари, а снимањето траело цела година.

 

 

Продуценти и автори на серијата се сопружниците Рома Дауни и Марк Бернет и двајцата добитници на престижните награди Еми и Златен глобус. Заедничката идеја за реализација на серијата е влијанието на „Библија“ на новите генерации гледачи. Режијата е на Тони Мичел, Криспин Рис, Кристофер Спенсер, а во главните улоги настапуваат Кит Дејвид, Дарвин Шо, Диого Моргадо, Рома Дауни.

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!