Се сеќавате ли на епизодите во кои глумеше вашата омилена Хурем султан пред да биде променета со друга актерка? Се сеќавате ли на нејзините размислувања кога гордо чекори во харемот, спремна да ја превземе улогата на султанка и господарка?
Во продолжение ви го претставуваме видеото кое е едно од најзапаметените делови од „Величествениот“, со македонски превод на целиот говор на Хурем.
„Jас, Александра Ла Роса.
Руска робинка продадена во Османлиската палата. Робинка доведена од Дњепар до Црното Море.
Робинка која ја изгубила мајка си, таткото, браќата и сите сакани. Која на бродот се молела на Бога да ја однесат тие големи бранови, и да отпатува во рајот за повторно да биде со својата фамилија. Робинка која на седумнаесет години ја запознала бедата и суровоста на светот, која една година остарела колку за илјда. Се откажала од животот, несреќна и сама без никого, јас Александра.
Јас, Александра Ла Роса. На никого не ја доверив својата болка и со никого не ја поделив. Ги закопав своите маки во длабок бунар и ги излив во морето, брановите ги однесоа. На се што ми ја повредуваше душата му возвраќав со насмевка. Леев солзи само за своето семејство.
Се побунив против мојата судбина, од робинка станав султанка.
И еве сум на место кое ми го промени животот и судбината.
Палатата на Султан Сулејман, која сакав да им ја срушам над глава, сега ми стана мој дом,
мое гнездо… Како можев да знам дека срцето полно со желба за одмазда, повторно ќе чука пробудено од љубов.
Јас, Хурем. Робинка, Султанка, негова венчана жена, Хурем.
Мајка на пет негови деца. Негов мирис, богатство негова пријателка и сопруга, негова убавица над убавиците, Хурем.
Јас, Хурем. Среќна мајка на Мехмет, Михримах, Селим, Бајазит и Џихангир.
Мајка на престолонаследник, Хасеки Хурем Султан!
Деца мои! Едно нешто си ветив на себе и на вас, се заколнав дека ќе дојде ден кога оние на кои им ги бакнував фустаните и молев за простување, еден ден ке клекнат пред мене!
Еве, дојде тој ден. Дојде крајот на сите непријатели кои ми приредија толкаво патење, тага и страдања.
Сега нека се плашат. Бидејки секој здив ке ги убива!
Дождот на нив ке паѓа!
Што е за мене харемот… Јас ќе владеам со целиот свет!“
Дани Петковска | ТВ Пакет