Гледачите во Македонија се почесто се сведоци на печатни грешки, небаре персоналот во телевизиите е составен од првоодделенци. Будното око на порталот “Плусинфо” повторно улови грешка, но овој пат грешката не е печатна, 24-ка целосно го промени значењето на зборот. Имено, екипата на специјализираната телевизија 24 Вести, ракометарите ги потпиша како кошаркари. Во тоа можете да се уверите и самите преку фотографијата објавена на “Плусинфо”, а направена вчера околу 20 часот.
Во месец февруари истиот портал ја посрамоти и Сител телевизија, но со право. Режијата на оваа телевизија го утна прекарот на својот газда. Бизнисменот и пратеник во Собранието Љубислав Иванов – Ѕинго, тие го именуваа како Џинго.
Chris | ТВ Пакет