Хаиме и признава на Сеси дека нема намера да се врати во Бостон, но не и кажува која е вистинската причина зошто не сака да се врати во САД.
Октавио и Анхелес повторно се среќаваат во паркот и Октавио ја кани на кафе.
Кога ќе се врати дома, Анхелес го прашува својот брат Диего како изгледал болничарот кој ја негувал додека била во кома. Диего и вели дека немало никаков болничар и дека сите биле сестри. Бара од Анхелес да го опише човекотод паркот и Диего почнува да се сомнева дека станува збор за Октавио.
Без да и каже на својата сестра, Диего е решен да го најде Октавио и да му забрани да се меша во животот на неговата сестра.
Лусија разговара за своите проблеми со својата пријателка Нати која ја советува да остане при нозе за здравјето на бебето кое го чека.
Густаво ги споделува своите проблеми со Марко и Марко го советува да го расчисти проблемот во Мексико Сити и да и се врати на Лусија.
Хаиме повеќе не може да молчи и и признава на Сесилија дека смета дека убил човек во Бостон и се плаши од тамошната полиција.
Во хотелот каде што е сместена, Нурија го среќава Педро, човекот кој според нејзините тврдења ја силувал. Педро и вели дека дошол по неа, а таа почнува да вреска и да прави сцена за обезбедувањето да го исфрли од хотелот.
Октавио не може да престане да мисли на Анхелес и си ветува дека таа гулабица ќе биде негова по секоја цена.
Пред да замине за Мексико Сити, во својата ординација Густаво добива неочекувана посета. Неговиот поранешен пријател Педро му признава на Густаво дека бил венчан со Нурија и дека таа родила бебе кое починало на осум месеци. Смртта на бебето предизвикало траума кај младата жена која сеуште верува дека детето е живо и има осум месеци.
Густаво станува свесен дека се што кажала Нурија лага и дека и треба итна психијатриска помош.
Октавио бесен гледа како во паркот шетаат Марко и Анхелес и со тупаница удира во едно стебло.
Густаво доаѓа кај Лусија и ја известува дека нема да оди во Мексико бидејки детето веќе одамна умрело. И ја објаснува целата ситуација и таа го прима назад во топла прегратка и страсен бакнеж.