Укината мексиканската серија “Амбис на љубовта” на Алфа телевизија
Од вторник (8. април) на програмата на Алфа телевизија повеќе не се емитува мексиканската теленовела „Амбис на љубовта“. Гледачите се прашуваат: дали е ова дефинитивно укинување на серијата и дали и Алфа телевизија почнува да го прави тоа?
Досега, серијата смени неколку термини, но сите овие месеци го задржи нискиот рејтинг на гледаност. Прво започна во 17:45, попладневен термин за ваква теленовела. По дваесетина епизоди, Алфа почна да ги сецка епизодите и од една епизода да прави две, притоа давајќи делови од претходната и од следната, па гледачите не знаеја која епизода воопшто оди на телевизија. По реакцијата на гледачите, Алфа ја продолжи серијата во регуларно времетраење од по 45 минути, но ја префрли во 10:20 часот наутро. Во тој термин, серијата се задржа подолг период, но од пред две седмици повторно смени термин и времетраење. Отиде во 11:10 часот, но затоа пак епизодите повторно беа сецкани од страна на Алфа па така една епизода изминативе денови траеше по 20 минути.
По сите овие турбуленции кои го снајдоа Амбисот се случи и нејзино исчезнување од програмата на Алфа и тоа без никаква најава. Веќе неколку дена ја нема во програмата, гледачите се збунети, а од Алфа нема никакво известување. Во телевисиката програма и за оваа и за следната недела си стои серијата во 11:10 часот, но од неа… ни трага ни глас.
Нискиот рејтинг сигурно не е причина за укинување на серијата затоа што во тој случај би требало да ја укинат и „Дневникот на Фериде“ која не достигна поголема гледаност од 2% засега.
Дани Петковска | ТВ Пакет