Почетна / Забава / Нема Велигден без песната на Џокси

Нема Велигден без песната на Џокси

 

Нема Велигден без “На Велигден сум се заљубил”

Највртена и најслушана песна за време на велигденските празници е дефинитивно “На Велигден сум се заљубил”, песна која стана антологиска и дел од една голема празничка традиција.

 


 

Во првите години кога песната била создадена, била забранета за јавно слушање од страна на МРТВ и одбиена од Макфест, но со демократизацијата на Македонија, песната беше пуштена за прв пат кај диџеј Мице во Македонското радио во 1991, и од тогаш го најде своето место меѓу народот и стана химна на големиот христијански празник. Во 2008 година, песната беше преработена од страна на Дарко Димитров и изведена од Ламбе Алабаковски, така што беше вметната уште една строфа која ја прави песната патриотска освен љубовна. 

Песната е инспирирана од животната судбина на бабата на Џокси, Уранија. Во времето на нејзинота младост, од нејзиниот сакан биле праќани стројници на Велигден кои нејзиниот татко два пати ги враќал и не ја одобрувал љубовта на Уранија со саканиот. 
Текстот е инспириран и од некои следни случувања.
– Живеев долго во Бол на Брач, скоро 8-9 години, а таму имаат едно континентално место се вика Селца. За Велигден кај нив се одржува процесија и таа година ми се случи нешто што јас прв пат го видов во мојот живот. Процесијата всушност значи да се направи колона од луѓе која беше долга 10 километри, а јас им се придружив со цигара во колоната и една баба дојде ме фати за рака и ми рече: „Ти не си од овде, зар не?“ Ми кажа дека не смее да се пуши додека се движи процесијата и кога слушна дека сум Македонец, ме фати за рака и ме однесе во првиот ред на клупите на католичката црква. Тој настан ми остана врежан во мислите како мошне пријатно, незаборавно искуство, објаснува Џокси.

Првичната верзија на песната настанала во Крит, каде Џокси отпатувал во студиото на Тоше Поп Симонов. Сето ова довело до денес кога уживаме во звуците на оваа магична песна, песна која спојува една легендардна љубов со македонскиот фолклор и велигденската традиција, песна која без сомнение ќе остане засекогаш пеена од сите генерации.

 


 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!