Во денешното велигденско издание на гејм шоуто “Сè или нешто” на Сител телевизија, гостин ќе биде победникот на Икс фактор, Даниел Кајмакоски. Целта на емисијата ќе биде хуманитарна, и сите пари кои ќе ги освои Кајмакоски, продукцијата на квизот ќе ги донира во хуманитарни цели, како што се вели во најавата.
Во емисијата Даниел ќе зборува и на германски, а заедно со натпреварувачите ќе ја испее велигденската песна “На Велигден се заљубив”.
Откако Даниел беше пречекан на аеродромот во Скопје и во родното Мислешево, тој се врати во Белград каде започна со снимање на својот деби албум, кој се очекува да излезе во јуни. На албумот ќе има песни од балкански и странски автори.
Дани Петковска | ТВ Пакет