Почетна / Телевизија / Нова српска емисија на Алфа

Нова српска емисија на Алфа

 

Уште една српска емисија на Алфа

На Алфа очигледно и се заредија српските емисии, не само што ги даваат во вечерните часови, туку потоа и се репризираат во текот на денот, а се репризираат и по неколку месеци повторно и тоа за оние гледачи кои евентуално пропуштиле нешто. Па така по “Необјавени приказни”, “Љубовно мени”, “Шоу на сите времиња”, “Семејни тајни”, “ДНК Анализа”, стигнува уште една емисија која се занимава со социјални проблеми и тоа “Работна акција”.

 


 

Се смета за прва српска емисија од хуманитарен карактер, која во Србија се емитува од 2010 година на Прва српска телевизија и е правена по лиценца на американската емисија Extreme Makeover: Home Edition. 

Риалити емисијата има хуманитарна цел – да помогне на оние семејства кои живеат во тешки животни услови. Секоја епизода е приказна за себе во која се прикажува тешката животна состојба на некое српско семејство, соочено со сиромаштија, болест, некоја непогода и слично. Емисијата ја води Тамара Грујич која на почетокот на секоја емисија доаѓа во куќата на семејството, им кажува да преноќат кај роднини или пријатели и за пет дена да се вратат дома. За тие пет дена, мисијата на Работна акција има за цел да ја реконструира целата куќа. Во тие денови, доаѓаат мајстори и волонтери кои сакаат да помогнат и ги прават сите потребни поправки и задачи што треба да се завршат. 

Досега од емисијата се снимени над 60 епизоди, кои на Алфа ќе се прикажуваат наскоро во вечерните часови.

 


 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!