Октавио му дава пари на Франко да купи уште дрога за повеќе да го навлече Диего.
Естер која е пуштена од болница, ја посетува Нати и ја замолува да започне бракоразводна парница. Нати ја советува младата жена да ги смири страстите и да разговара со Хоакин пред да ја донесе конечната одлука.
Трини размислува како да и наштети на Анхелес. Иако е нејзина ќерка, Трини не може да се помири што Анхелес не ја прифаќа како мајка и уште поголем гнев се раѓа во неа.
Марко и признава на Анхелес дека целиот живел ја мразел жената која му била љубовница на неговиот татко. И признава дека Инес е виновна што неговата мајка си го одзела животот.
Во разговор со својата пријателка, Естер и признава на Катија дека не знае дали да му бара развод на Хоакин бидејки сеуште е вњубена во него.
Инес доаѓа кај Марко и му бара прошка, откако ќе го информира дека целиот живот го љубела неговиот татко и дека двајцата се разелиле бидејки тој бил женет со друга. Му се колне дека никогаш не му била љубовница и дека сето тоа било само во главата на неговата мајка.
Густаво му префрла на Хоакин дека треба да се бори за Естер ако сака да ја врати и Хоакин му се лути на својот пријател дека не е на негова страна.
Даниела го известува Диего дека неговата сетсра е заинтересирана за Густаво и дека прави се за да му се приближи.
Трини со нов план доаѓа кај Анхелес и ја замолува да и даде нова шанса и да бидат блиски како порано. Анхелес се согласува не знаејки ги задните намери на својата биолошка мајка.
Доња Инес, Трини, Даниела и Анхелес слушаат врева и кршење на мебел од собата на Густаво кој е затворен со малата Лусијана. Плашејки се дека може да го повреди бебето, жените го молат да ја отвори заклучената врата. Откако нема да усепат во намерата го бараат Диего за помош. Диего успева да ја пробие заклучената врата и ја наоѓа собата на Густаво со раскршен мебел а детето како плаче во колевка.
Доња Инес ја известува фамилијата дека ќе ја земе Лусијана со себе додека не се стабилизира состојбата на Густаво.
Густаво се плаши дека полудува и своите стравови и ги признава на Анхелес која го теши дека заедно ќе побараат професионална помош.
Доња Инес ја остава Лусијана со дадилката и излегува од куќата. Во тој миг рповалува Октавио кој и се заканува на Даниела со огнено оружје. Го зема бебето од колевката и побегнува.
продолжува