Даниела која е исплашена по киднапирањето се јавува кај Анхелес да ја извести дека Лусијана е киднапирана.
Диего кој станува секој ден се позависен од дрога, му се јавува на Франко барајки нова доза.
Доња Инес и префрла на Трини дека не смеела да му каже на Марко дека таа и неговиот татко се знаеле во минатото. Иако Трини се брани, заѕвонува телефонот и ги известуваат дека малата Лусијана е киднапирана.
Состојбата на Густаво е секојдневно посериозна. Заклучен во својата соба, не личи на себе и не дозволува никому да му пријде.
На Естер и дијагностицираат анорексија, а нејзината мајка смета дека состојбата и настанала поради пробелмите во бракот со Хоакин.
Анхелес го известува Густаво дека Лусијана е киднапирана и тогаш за прв пат почнува да реагира свесно.
Сите се загрижени за киднапирањето. Октавио и јавува на Анхелес и ја известува дека ако сака да ја види својата сестра ќе треба да плати милион долари. Анхелес се согласува на компромисот.
Договорот е на полноќ да се чекаат во паркот. Во еден од контејнерите се оставени парите а на една од клупите е оставена Лусијана. Октавио побегнува со парите а Анхелес е пресреќна што Лусијанита е повторно во нејзините раце.
Следниот ден, Густаво одлучува да замине во психијатриска клиника и се поздравува со фамилијата и својата ќерка.
продолжува