Нати не сака да слушне за идејата да го дадат детето на посвојување. Му вели на Алберто дека попрво би се развела од него отколку да ја лиши од својот син.
Доња Инес ја известува Анхелес за состојбата на Диего и дека најверојатно се дрогира.
Анхелес ја смирува својата баба дека ќе зборува со својот брат.
Даниела ја користи ситуацијата што мансионот е презен и влегува во собата на Лусија. Ќе облече еден од нејзините фустани и ќе се нашминка и дотера како неа.
Анхелес му префрла на Диего што ја ограбил нивната баба а Диего и вели да си ја гледа својата работа.
Даниела за малку бидува фатена од Густаво додека е во собата на Лусија но успева да се сокрие зад плакарот на време.
Марко и предлага на Анхелес да се пресели во енговиот стан но Анхелес не сака да ја остави Лусијана сама. Ваквиот одговор го налутува Марко.
Густаво продолжува да посетува психолог и и признава на докторката дека често ја гледа својата покојна сопруга и дека претходниот ден чул чекори во спалната соба.
Трини се наоѓа со Даниела и ја замолува да ја информира за секој чекор и збиднувањата во мансионот.
Густаво доаѓа на ручек кај своите тетин и тетка и ја известува Мирјам дека се чувствува многу подобро откако посетува психијатар.
Трини ја лаже својата мајка дека Анхелес се зближуила со Густаво.
Херардо го известува Октавио дека парницата против него е повторно отворена и дека може да биде осуден на доживотен.
Инес ја известува својата пријателка Хулија дека не и се допаѓа што Анхелес повторно почнала да се гледа со Густаво.
Додека Анхелес ја шета Лусијана низ паркот, една жена се препнува пред неа и Анхелес и помага да стане. Кога ќе се заврти забележува дека бебето не е во лулката.
продолжува