Анхелес е преплашена кога ќе го види Октавио на прагот од дестката соба и почнува да вреска на сиот глас. Доаѓа Гставо и го исфрла Октавио на улица заканувајки му се дека не сака да го види повеќе ниту близу куќата ниту близу било кој од фамилијата.
Носејки го својот син на педиатрија Нати се среќава со д-р Мигел Касерас и одбива тој човек да биде педијатар на нејзиниот син. Кога Алберто ќе ја праша зошто така бурно реагирала Нати го известува дека Мигел и бил вереник и дека го нашла како ја изневерува со најдобарат пријателка ден пред свадбата и дека тогаш решила да не се мажи никогаш во животот.
Даниела која од ден во ден чувствува се поголема омраза кон Анхелес поставува невидлив конец на скалите со цел да се препне Анхелес. Но, на стапицата паѓа Сесилија која се превртува по скалите и останува без свест.
Хоакин ја бара Естер и ја замолува да бидат заедно ветувајки и дека ќе посетат и брачен советник. Естер на тоа му одговара дека не сака да остане во брак со човек кој и бил неверен и го замолува да ја забрзаат процедурата.
Анхелес ја наоѓа својата сестра онесвестена на дното од скалите и повикува итна помош.
Естер сака да им докаже на родителите дека нема проблем со исхраната и постојано јаде, а потоа храната ја повраќа насилно.
Докторот ја известува Анхелес дека состојбата на Сесилија е покритична.
Хоакин доаѓа кај Карола откако Естер го одбива и води љубов со келнерката.
Хаиме го известува Диего дека неговата сестра доживеала несреќа. Диего ладнокрвно ја прима ваквата вест и Хаиме му вели дека не може да го препознае.
Густаво и предлага на Анхелес да ја однесе дома но девојката одбива сакајки да остане покрај својата помала сестра додека траат критичните часови.
Алберто и вели на Нати дека се кае за ултиматумот кој и го псоставил и ја замолува да му прости. Нати му вели дека ќе прости доколку го зеде нивниот син в раце. Алберто за прв пат го зема својот син близу градите и го бакнува.
Додека Анхелес ја чува Сесилија, Густаво изморен се враќа во куќата и доаѓа да ја види својата ќерка. Користејки го моментот Даниела се соблекува гола за да биде видена од докторот. Густаво и се извинува што влегол во собата без најава а Даниела му се нафрла и страсно го бакнува. Густаво ја одбива, а дадилката низ солзи го моли за пршка и го замолува да не ја брка од работа.
Анхелес ги споделува сомнежите со Марко дека се сомнева оти Даниела ја наместила несреќата за неа но се нашла Сесилија како жртва. Марко и префрла дека измислува и таквиот тон девојката ќе го прими тешко.
продолжува