Густаво не верува во она што го кажа Марко дека Анхелес уште го сака и бара да се види со неа. Анхелес го лаже дека Марко е само љубоморен откако дознал за нивното минато, но дека повеќе не чувствува ништо за него.
Даниела го посетува Октавио во квартот и се претставува како дадилката на Лусијана. Му вели дека чула доста за него од Тринидад и дека сака подобро да го запознае.
Во меѓувреме, Густаво ја ангажира Хулија да најде нова дадилка за неговата ќерка.
Даниела и бара пари на Трини и ја уценува дека ако не и исплати ќе ја предаде на Густаво за сите злодела кои ги смислила. Трини одбива да и даде пари уверена дека Даниела нема никому да каже дека идејата да се киднапира Лусијана била нејзина.
Густаво е решен да му помогне на Диего во борбата со дрогата и го советува да посети клиника за зависници.
Докторот, следното утро ја известува Сесилија дека мора на итна операција. Сесилија прашува колкави се шансите да гледа повторно но докторот не е оптимистичен дека со една операција може да се реши слепилото.
Анхелес и се исповеда на својата ријателка Естер дека поради своето минато не заслужува да биде среќна со ниту еден маж. Естер и признава на Анхелес дека уште го љуби Хоакин и не знае како би живеела без него.
Сесилија плаче пред Хаиме дека никогаш нема да прогледа а Хаиме ја теши.
Во меѓувреме, сојузот меѓу Даниела и Октавио станува се посилен и двајцата планираат начаин како да ја ограбат Трини и да ја напуштат земјата.
Раул доаѓа кај својот пријател Диего со цел да го натера да ја посети клиниката за зависници.
Доња Инес доаѓа да зборува со Густаво за Даниела и сфаќа дека дадилката ја прелажала и дека таа била онаа која се обидела да го заведе хирургот.
Анхелес бара од Хулија да и ја даде необјавената книга на нејзиниот чичко Андрес.
Густаво добива неочекувана посета во својата ординација – Луз Марија Канелон.
Продолжува