Слушнавме различни коментари за овогодинешниот евровизиски претставник на Македонија, Тијана Дапчевиќ. Овде во Македонија некои сметаат дека има одлична песна, дека е харизматична, други велат дека не знае да пее, а трети тврдат дека има ужасна кореографија, и тоа е во ред сите имаат право да си го изнесат својот став во врска со темата, но да видиме што мисли Европа за нашата претставничка. Следуваат извадоци од текстови на новинaри кои биле присутни во Амстердам и кои се присутни на пробите во Копенхаген. Ова не е никаков патриотизам, туку само факти.
Коментар за Македонија во анализа на сите претставниците:
Simon: „Луда дама, луда изведба. Се е тоа кажано во добра смисла.“
Rodrigo: „Ги обожавам нејзините очила. Ја сакам изведбата. Ја сакам неа. Ја сакам песната.“
Извор: escxtra.com
„Eurovision Ireland имаше потешкотии да бидеме сериозни кога ја интервјуиравме апсолутно фантастичната Тијана Дапчевиќ од Македонија. Дури и одборјувањето беше во шега. Погледнете ја Тијана како ја изведува нејзината песна To the sky на Eurovision in Concert минатиот викенд. Публиката ја обожаваше изведбата и ја сака неа!
Подгответе се Европа, Тијана доаѓа!“
Извор:Eurovisionireland.net
На порталот WIWIBLOGGS концертот во Амстердам е поделен на победници и губитници, Тијана е во категоријата победници.
„Оваа жена има храброст и одлучност. Всушност го има и тоа многу. Со неверојатни бели ретро очила и урбан шик, нашата омилена македонска MILF ја погоди секоја нота на нејизната брза песна. Ова е жена на која Има ќе и се радува во Euroclub ноќе во 2 часот бидејќи таа живее за забава.“
ПРОБИТЕ ВО КОПЕНХАГЕН
Точно е дека на првата проба имашпе критики, но тоа е техничка проба каде се оидлучува се, каде стои изведувачот, придружните вокали и останатите, се проверува тон, слика, графика на ЛЕД екрани итн, итн. По денешните проби ова се оценките на новинарите:
Кит Милс – новинар од Ирска сајт Аllkindsofeverything.ie
„За македонското претставување пред почетокот на песната се користи виолончело. Убедлива изведба полна со среќа и уживање. Навистина силна изведба. Ќе се квалификува.“
Извор: escxtra
„Tијана успева да ме победи овојпат со нивното претставување по Грузија, вибрациите од виолончелото го формираат знамето на Македонија. Многу паметен потег! Тијана е на средина од сцената обчлечена во црн костум со бели странични црти, за изненадување дека не ги носи нејзините очила кои и се trademark, која што го означи секое нејзино појавување на Евровизија оваа година. Едноставен дизајн со бело светло и со одлична изведба на песната и добра вокална изведба. Оваа изведба дефинитивно и ги зголемија шансите на Македонија за финале, ова изгледа без никаква грешка.
Извор: Eurovisionireland.net
МАКЕДОНИЈА: „Овде имаме позадина во една боја, таа е во црно со бели странични црти. Танчерот е во бело. Интересна интеракција меѓу нив двајца. Одлично вокално и одлична реакција во салата. Ова сега може да се квалификува.“
Извор: escnation.com
„Вокално за жал на моменти слабо. Презентацијата не е сменета од првата проба. Никогаш не сте сигурни што ќе добиете од харизмата на Тијана и на и вон сцената. Би сакал оваа песна да е во финале, но тоа што го видов денеска, не сум сигурен дека ќе биде. Со тешко срце морам да кажам нема да се квалификува.“
Извор:wiwibloggs
„Тијана е 40 годишна мајка која всушност ги затвора ноќните клубови во Скопје, и ова е песна која ни ја дава нејзината нереална енергија. Таа стои на бел агол, кој всушност вибрира околу неа и нејзиното однесување. Хип-хоп танчерот од 80-те одвлекува малку внимание. Но, оваа изведба може да се протне до финалето.“
Извор:oneurope.biz
„Македонското знаме е од повеќеслојна прашина со метални прачки, а Тијана свири. Силна изведба денеска и со одличен глас. Ова е кул и без грешка, а камерата покажува и како ги тресе градите. Има шанса, да знаете…“
А ова што следува е од грчкиот сајт:oikotimes.com
Вокална изведба: Тијана е неверојатен вокалист, ја носи песната совршено.
Сценска изведба: Модерен денс акт, и голема интеркација со пејачката.
Камера: Едноставно совршено, го следи секое случување во песната.
Облека: Црн костим за Тијана со бели странични црти.
Реакција на публиката: Екстремно голем аплауз од децата во арената.
Проценка: Во финале (сигурно).
Најинтересниот податок доаѓа од британскиот весник Mirror кој еве што напиша за Тијана денеска по вчерашното полуфинале, наслов на текстот 5 работи кои ги дознавме од вчерашното неверојатно полуфинале на Евровизија
„Тијана е неверојатна, а не требаше дури ни да пее. Македонката Тијана со белите очила не пееше вечерва, но тоа не ја спречи да му го украде шоуто на нашиот коментатор.“
Коментаторот на BBC 3 Скот Милс ја интервјуираше пејачката за тоа што мисли за нејзините конкуренти и уште едно нормално прашање, но таа едноставно беше неверојатна. Се започна со тоа што Скот погрешно и го изговори името, а таа исправката ја направи на висок тон. Тогаш стана уште подобро кога го натера да носи фејк бели очила и кога му рече да престане да збори и да не биде многу досаден. После ова вчера трендинг на twitter во Велика Британија бил зборот Tijana, некои бараа таа заедно со нивниот коментатор да ја коментираат целата полуфинална вечер.
Ова е линкот до целиот текст, a подолу е и видеото.
http://www.mirror.co.uk/tv/tv-news/eurovision-2014-semi-final-1-5-3506148
Вечерва жирито одигра пробно гласање, она шоу што ќе го гледаме утревечер тие го гледаа вечерва, па да видиме што мислат грчкиот и францускиот новинар.
Фотис: „Песната на Тијана е вистински пат до небото, нејзиниот глас е прекрасен и јас веќе оваа пејачка ја сметам за суперѕвезда, а нивната песна… за првпат не изгледа како очајнички потег да се блесне на сцена, оваа песна автоматски блеска. Да, ова е Фотис Константополус од Солун, Грција и штотуку го напишав овој пост. Сакам да ја видам Тијана во финалето како се бори за добар пласман. (верувајте ништо не ми платија за да го напишам ова).“
Оливер: „Една од најдобрите честитки е Тијана како свири на виолончело. Оваа песна беше една од моите омилени уште на почетокот. Интересна песна со разиграно темпо, одличен вокал. Вистински хит во стилот на Пинк. Но, додека другите настапот на сцената го гледаат како клучен дел во натпреварот, морам да кажам дека безличниот настап на песната на Македонија ја уништува одличната песна. Тијана е перфектна, но светлата и кореографијата не се достојни за оваа песна. Како и да е, песната ќе влезе во финалето бидејќи е одлична.“
На крајот дали ќе влезе во финале или не, тоа не е прашањето туку само фактите кои сите може да ги прочитате на интернет.
Крис Манев | ТВ Пакет