Почетна / Серии / „Имитација на животот“ наскоро на Сител

„Имитација на животот“ наскоро на Сител

 

„ИМИТАЦИЈА НА ЖИВОТОТ“
наскоро на Сител телевизија

 

Наскоро на Сител телевизија ќе се емитува нова турска серија, една од редот на најдобрите. Серијата ќе ја замени најгледаната и најзборуваната „Судбината на Фатмаѓул“. Во продолжение е најавата и содржината на истата.

 

ИМИТАЦИЈА НА ЖИВОТОТ
Број на епизоди: 70 со времетраење од 90 минути.

Содржина:
Џесур, единствениот син во фамилијата Гочерлер, по смртта на својот татко, ја превзема целата контрола на семејната компанија и ја добива целата контрола во регионот Антеп. Неговата фамилија е богата и се занимава со дистрибуција на злато во Турција. Оваа империја на злато која се простира во цела Турција, сега е под контрола на Џесур. Најважните личности во неговиот живот се неговата мајка Медиха и сестра Дујгу. Овој човек е вљубен во Икнур и неговата цел е да се ожени со неа. Икнур е убава, но сиромашна девојка која уште од детството е вљубена во Огуз, а живее со својот татко Акиф и со својата сестра.

 

 

Таткото Акиф им должи пари на семејството на Џесур, па за да го исплати долгот, решава на Џесур да му ја даде раката на ќерката. Џесур е среќен затоа што конечно ќе се ожени со девојката во која е вљубен, но затоа па Икнур е несреќна затоа што се мажи без љубов. Ден пред свадбата, таа спие со Огуз и тој ја моли да избегаат далеку од Џасур и од новото семејство. Но свадбата ќе се случи. Икнур се жртвува и се мажи за Џесур за да го исплати долгот на својот татко. Но на првата брачна ноќ, решава на новиот сопруг да му ја признае вистината за Огуз. Бракот се распаѓа, а Џесур е решен да се одмазди. Мета на неговата одмазда е Омур, сестрата на Икнур која се подготвува за брак со Ердем.

Улоги: Murat Han (Џесур), Begüm Birgören (Омур), Mehmet Ali Nuroglu (Ердем), Özge Özder (Ајлин), Özlem Conker (Икнур).

 

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!