Сто дваесет и шесто продолжение од вебновелата “Црвена месечина”
Мексико Сити
Во еден луксузен ресторан, Алехандро ја чекаше својата соговорничка. Аурора доцнеше веќе, па си нарача аперитив за себе.
– Прости ми што доцнам, – рече младата медицинска сестра кога се појави на масата. Носеше мини здолниште и високи потпетици, Алехандро одвај ја препозна.
– Изгледаш доста згодно.
– Така изгледаме ние актерките.
– Сакаш нешто за пиење?
– Да.
– Момче, донеси ја виснката карта те молам, – го замоли момчето кое ги служеше.
– И за што сакаше да зборуваме?, – го праша Аурора откако останаа сами.
– Пред се, сакам да ми кажеш дали оваа жена е Ана Вирхинија?, – ја праша, вадејки ја фотографијата од жената која беше наводно убиена на островот. Истата која ја имаше изнајмено јахтата во Порторико.
– Да, тоа е Ана Вирхинија, – без сомнеж потврди Аурора откако ја виде фотографијата. – И од каде ја познаваш? Не ми вели дека ја бара полицијата?
Кога такси возилото застана пред хотелот Реал дел Монте, Дијана излезе од возилиото и му заблагодари на таксистот кој и помогна со куферот.
– Добар ден, – го поздрави Бенигно откако влезе во лобито и пријде до рецепција.
– Докторке, мило ми е што повторно ве гледам. Претпоставувам дека сакате соба.
– Секако.
– Веднаш.
Додека Дијана чекаше да и биде предаден клучот, гледајки напразно околу, го забележа Карлос Дуран како излегува од лифтот.
– Карлос!?, – појде да го поздрави. – Од каде ти овде?
– Како си, Дијана? Дојдов утрово со човек од полицијата со цел да се истражи исчезнувањето на мојот братучед.
– И Алехандро знае дека си тука?
– Не. И од каде ти тука? Мислев дека си во Порторико.
– Само што дојдов. Марија Клара не е добро и потребна и е моја стручна помош.
– Што и е?
– Го загубила детето.
Долгото ѕвонење на вратата ја разбуди Естер од долгиот сон. Мамурно ја отвори вратата кога пред себе го забележа испекторот Торес со непознат човек, кој делуваше како детектив.
– Добар ден, госпоѓице Монтеро, – ја поздрави Торес. – Ова е детектиивот Фабрисио Меркадор, задолжен за исчезнувањето на една личност која верувам дека сте ја познавале. Би сакеле да не придружите во полициската станица.
– Зошто?, – праша таа, обидувајки се да си го сочува мирот.
– Се работи за Гаспар Рамирез. Мораме да ви поставиме неколку прашања во врска со тој човек.
Естер почуствува наплив на студена пот.
Клеменсија работеше во својот стакларник, кога влезе Фабијан прашувајки за здравјето на Марија Клара.
– Подобра е, – одговори старицата. – Затоа закажи кај нотарот за утре да ги подигнете документите за развод.
– Каде е Молина?
– Замина во Мексико Сити.
Заѕвоне мобилниот телефон на Фабијан. Побара извинување од старицата и излезе на тремот да зборува. Беше Естер.
– Фабијан, со мене е инспекторот Торес и сака да го придружувам во станицата.
– Да, ќе дојдам таму Естер. Биди мирна и не заборавај што ти кажав.
Алехандро и Аурора стоеа пред високата зграда во центарот на градот, каде што се наоѓаше средиштето на Артемио Сантибањез.
– Значи тоа е агенцијата на Артемио?
– Да, се наоѓа на дваесет и третиот кат. Ако сакаш дојди со мене да ти ја претставам девојката која ја бараш.
– Не, ако ме види може да ме препознае и повторно да исчезне. Сега е најдобро да ми кажеш каде е куќата каде што ќе се снима филмот.
Алехандро не забележа дека Лусија ги надгледува од блискиот парк.
Лоренсо слезе по скалите на паснионот и застана во холот каде што стоеше Висента, барајки го клучот од собата во која тој престојуваше. Тој ги спушти своите торби на подот и го врачи клучот и ја погледна со топлина.
– Смеам ли барем да те прегрнам за последен пат?
– Не, – дрксо одговори таа.
– Во тој случај, биди внимателна, Висента. Артемио нема да се предаде така лесно.
– Не грижи се за мене, – одговори таа. – Јас знам како да се заштитам.
– Висента, те молам имај доверба во мене. Никогаш не би те повредил.
– Веќе ме повреди доволно. Збогум и пријатен живот господине Сантиљан, – му посака Висента покажувајки му ја вратата.
Во полициската станица, Естер беше соочена со недоверливиот поглед на тројца мажи. Инспекторот Торес, детективот Меркадор и Карлос Дуран.
– Ми кажа дека помеѓу тебе и Гаспар немало ништо, – и рече Карлос. – Дека сте само пријатели. Тоа е лага и можам да докажам бидејки Алехандро Молина и Дијана Салдивар знаат дека ти и Гаспар сте имале врска.
– Да, те излажав. Те излажав бидејки твојот роднина не сакаше да се знае за нас.
– Зошто?
– Од каде да знам јас. Прашај го него.
– И велите дека сте биле во Мексико Сити бидејки господинот Рамзирез го барал својот исчезнат пријател?, – ја праша Меркадор.
– Да, – потврди Естер.
– И каде бевте сместени? Во вашиот стан? Знам дека имате стан во главниот град.
– Да, но не бевме во станот. Бевме во некој хотел.
– Се расправавте?
– Не. Гаспар беше тажен верувајки дека неговиот пријател е мртов. Следниот ден си ги зеде своите работи и никогаш повеќе не го видов.
– Добар ден, – ги поздрави Фабијан кога влезе во станицата.
– Добар ден, адвокату Монтеро.
– Мојата сестра многу го сакаше Рамирез и неговото исчезнување многу ја потресе, – рече Фабијан бранејки ја својата сестра.
Откако се смести во хотелската соба, Дијана зеде такси и се упати кон хациендата Ла Луна. Сакаше да биде покрај Марија Клара, знаше дека и е потребна.
Mарија Клара и Клеменсија зборуваа на тема развдот кога Алтаграсија најави дека дошла докторката.
– Дијана?, – изенадено крикна Марија Клара.
Алехандро го сопре автомобилот пред големата куќа каде што Аурора му кажа дека ќе се снима видеото.
– Значи ова е куќата?, – повтори тој, гледајки во зданието пред себе.
– Задниот двор е преубав со базени и тревници.
– Нашле идеална локација за снимање, без сомнеж, – рече Алехандро.
Откако Естер и Фабијан беа испрашани и ја напуштија просторијата во полициската станица, Карлос разговараше со инспекторот Торес и детективот Меркадор.
– Со која цел да ја уапсиме госпоѓица Монтеро?, – Торес го праша Карлос. – За што да ја уаспиме? Освен тоа, не знаеме ни дали вашиот роднина е мртов.
– И да речеме дека е, кој би бил мотивот на таа госпоѓица да го убие?, – му се обрати Меркадор.
– Во ниту еден момент не реков дека Естер го убила, – рече Карлос во своја одбрана. – Можеби била некоја друга личност и Естер знае.
– Која личност?
Карлос молчеше. Не знаеше колку смее да каже.
– Господине Дуран, ме доведовте дури од Гвадалахара, но ако не сакате да соработувате ќе бидам приморан да го затворам случајот,- дрско рече Меркадор.
– Во, ред, во ред…Мислам дека биле Артемио Сантибањез и Фабијан Монтеро.
– Не смеете да ги обвините најмоќните луѓе во ова село без никакви докази, – рече Торес.
– Верувајте ми, инспекотре, тие се убијци!
– Зошто мислите така?
– Приказната е долга. Се започна кога почина Родолфо Валенсија и наследството го подели меѓу своите внуки Марија Клара и Фернанда.
Фабијан ја допрати својата сестра до нејзиниот дом по полициското солушување. Естер не беше повеќе во состојба ниту да чекори ниту да размислува. Очите и беа насолзени.
– Седни, – и рече Фабијан покажувајки и го местото на троседот.
– Јас сум убиец, го убив Гаспар, – повторуваше младата жена во бунило. – Не знаеш колку се каам. Гаспар сакаше да ми помогне. Сакаше да заминам во странство. Проклет Артемио, проклет да е.
– Земи да се смириш малку, – и речеФабијан, подавјки и чашка жесток пијалок. – Мораме да останеме мирни, Естер. Сега повеќе од било кога. Кога Артемио ќе биде мртов тоа ќе значи крај на нашите проблеми.
– Зошто мислиш така?
– Бидејки мислам да го убијам, – мирно одговори Фабијан.
Марија Клара разговараше со својата пријателка Дијана во градината на хациендата.
– Деновиве со Алехандро зборувавме многу на таа тема. Вели да не се плашам дека нема да имаме повеќе деца, бидејки можеме да посвоиме.
– Тоа би било убаво, – рече Дијана. – Познавам неколку парови кои имаат посвоено деца и ги сакаат еднакво како да се нивни.
– Да, но повеќе би сакала да имам дете од Алехандро.
– Кога ќе имаше малечко бебенце во своите раце, повеќе нема да размислуваш така.
– И Алехандо бил сирак како дете. Неговите родители умреле кога бил многу мал и израснал со неговата тетка и тетин.
По обиколката низ градот, Алехандро и Аурора посетија еден ресторан каде што порачаа морска храна и разговараа за филмот кој требаше таа да го снима.
– Значи сакале од мене да направат порно ѕвезда?, – праша Аурора шокирано, откако Алехандро и ја соопшти суровата реалност. – Проклети да се!
– Но, подобро да молчиш за сега, бидејки немаме никакви докази.
Лусија излезе од под туш, следното утро. Ноќта се врати од главиот град и преспа во апартманот на Артемио. Заѕвоне мобилниот телефон на Артемио додека минуваше низ ходникот, па посегна по него, свесна дека Артемио не може ништо да го разбуди од сон.
– Ало!? Артемио не е дома, ако сакате да оставите порака, радо ќе му ја пренесам.
– Кажете му дека шест шлепери возат кон Веракруз, но веќе два дена стојат на патот поради одронување. Простете, со кого зборувам?
– Со Естер, асистентката на господин Артемио, – излажа Лусија.
– Кажете му дека ако има нешто ново ќе му јавам.
– Секако, ќе ја пренесам вашата порака.
Лусија имаше план. Кога заврши со разговорот погледна кон собата каде што Артемио сеуште мирно спиеше. Посегна по телефонскиот роковник, го побара бројот на хациендата Ла Луна и го заврте истиот од телефонот.
– Добар ден, дали се врати господин Алехандро?
– Не, – одговори Марија Клара од другата страна на линијата. – Кој го бара?
– Една пријателка. Кога се враќа?
– Утре.
– Благодарам.
Уште само 4 продолженија до крајот!
LucasScott | ТВ Пакет