# 2-ро продолжение
Враќањето на Жоел Переира
Далеку од убавите плажи на Ипанема, во еден локален затвор, еден млад и убав маж со темен и огорчен поглед го слушаше човекот кој пред него зборуваше;
– Жоел, условната слобода е нешто многу деликатно, нешто што може да се промени преку ноќ. Ти си млад и интелигентен, имаш цел живот пред себе. Не се враќај во Рио, немој да ја бараш Каролина, тие луѓе само повеќе ќе ти го загорчат животот.
Жоел погледна во чуварот кој му беше исповедник и најдобар пријател сите овие години кои ги помина затворен во оваа студена и влажна келија.
– Знам, Грегорио, – одговори Жоел со замор во својот глас. – Но не се работи само за Каролина. Морам да дознаам кој навистина го уби нејзиниот брат. Тој човек шетал слободно низ Рио сите овие години додека јас скапував тука. Затоа и се изборив за таа условна слобода. За да го најдам убиецот. И да ставам на мое место.
Винипег, Канада
Една и Луси порачаа топло чоколадо за да се затоплат од студеното време кое владееше надвор. Луси погледна во својата пријателка и ја зеде нејзината рака.
– Сигурна сум дека се ќе заврши во најдобар ред. Берто е луд по тебе.
– Никогаш не сме зборувале за иднина, – призна Една. – Нашето е само авантура на двајца бразилци вон земјата.
– Авантура која трае две години? Не, мила. Ти си вљубена во него.
– Да, верувам дека сум вљубена.
– Веруваш?
– Во ред, вљубена сум, – призна девојката посегнувајки по својата шоља со топло чоколадо.
– Тогаш, зошто се плашиш да му кажеш за твојата состојба?
– Не знам, имам лошо претчуство. Берто ме сака, сигурна сум во тоа, но ова е нешто неочекувано, никој од нас двајцата не го планираше тоа…
– Јас би те советувала да му кажеш на Берто што поскоро.
– Знам. Во сабота ми е роденден. Размислував да направам мала романтична забава со мене, Берто, ти и Бени.
– Не знам, Една. Со Бени не смо во најдобри односи. Имавме многу лоша расправија. Никако да престанам да мсилам дека ме изневерува со друга. Сите тие доцни телефонски повици, допишувања…
– Знаеш дека тоа ти е само во глава, Луси. Бени те љуби. Те молам, гледај да се смирите до сабота. Многу ќе ми значи и вие да бидете таму кога ќе му ја кажам новоста на Берто.
– Во ред, ќе те подржам.но не знам до кога ќе трае моето со Бени, ако не се разделиме за добро на твојот роденден.
– Ти благодарам, – од срце се насмевна Една, кога со врвот на окото го забележа своето момче како влегува во кафетеријата.
Берто беше средно висок, згоден со убави црти на лицето. Една блескаше секој пат кога ќе го видеше.
– Како е најубавата девојка на светот?, – пријде до неа и ја бакна.
– Добро. Зборувавме со Луси за мојот роденден. Белки не заборави дека во сабота…
– Во сабота? Во сабота се договрив…
Изразот на лицето на Една се промени за секунда. Беше подготвена да избувне, кога на лицето на Берто се развлече широка насмевка.
– Се шегувам. Како можам да го заборавам роденденот на девојката која ја љубам?
– Да одиме сега, сакам да се јавам во Рио пред да почне вереничката забава на мојата сестра. Сакам да зборувам со Каролина и да и честитам.
Откако му беа отворени капиите на затворот, Жоел почуствува голема празнина во себе. Почуствува вртоглавица. Грегорио го предупреди дека ќе му биде тешко да се адаптира на сонцето и денот по толку години минати во зандана, но не можеше ни да замисли дека ќе биде толку тешко. Пријде до најблиската автобуска постојка. На себе носеше само џинс и кошула, а во ранецот шише вода, резервна долна облека и дневникот кој со години го пишуваше додека беше затворен. Најголемиот број на страници беа посветени на Каролина, жената која неизмерно ја љубеше и по толку време. Каков ли живот води сега, се прашуваше. Дали е среќна?
Мариса Переира го започна утрото како и секое претходно. Живееше во скромен дом со својот сопруг и ќерка. Животот за оваа жена не беше ист откако пред пет години нејзиниот син беше затворен во зандана за злосторство кое таа веруваше дека не го сторил. Секоја недела патуваше стотици километри со автобус за да го посети својот Жоел носејки му ги омелените пити, сокови и десерти. Пет години живееше само за тој ден во неделата кога можеше да ги види очите на својот син, да ги допре неговите груби раце, да го бакне во образ преку зараснатата брада,
Слезе од автобусот на последната постојка. Близу се наоѓаше автопатот и помсили дека најверојатно ќе најде авто стоп кој ќе го одведе до Рио. Немаше ни скршена пара со себе за да плати автобуска карта. Никој од неговата фамилија не знаеше дека е пуштен на слобода бидејки сакаше да ги изненади.
По неколку неуспешни обиди, еден камион кој превезуваше стока застана пред подигнатата рака на заталканиот млад маж.
– Каде одиш, убавецу?, – го праша шоферот од зад воланот кога го отвори прозорецот од камионот. До него седеше уште еден човек.
– Не е важно каде, само да ме одведете одовде, – одговори Жоел.
Откако му дадоа дозвола да влезе, Жоел како хипнотизирано гледаше пред себе. На радио свиреше една народна песна. Помсили колку време нема слушнато музика.
– Подобро да ни кажеш каде сакаш да слезеш момче, бидејки ние минуваме доста значајни градови, – шоферот му се обрати на Жоел по кратка пауза. – Кампинас, Сорокаба, Сао Паоло, Сао Жосе дос Кампос…
Ниту еден пат не водеше кон Рио, помисли Жоел. Но можеше да го остават во Сао Паоло па да продолжи кон градот на Боговите.
– Тогаш е најдобро да ме оставите во Сао Паоло.
Жоел сакаше да ја изненади својата мајка тоа попладне. Никому немаше кажано дека излегува од затвор. Кога влезе во куќата, вратата беше подотворена. Мачката пријде до него, предејки и мазејки се од неговата нога. Жоел го спушти ранецот а очите му се наполнија со солзи. Домот мирисаше на вечерата која се подготвуваше во рерната а неговата мајка замислено го сецкаше зеленчукот над бирото за готвење. Со своите силни раце цврсто ја опфати за половината. Мариса за момент се преплаши, но кога со работ на едното око виде кој е, само ја отвори устата и така стоеше немо. Жоел ја гледаше со солзи во очите, а ниту Мариса не можеше да ги задржи истите.
– Синко…Синко мој…Мој убав Жоел…- го држеше долго во прегратка, стискајки го со своите мајчини раце како да не сакаше повторно да го пушти на суровиот и свиреп свет таму надвор кој му го загорчија животот.
– Зошто не ми кажа дека те пуштиле дома на викенд, Жоел, ќе дојдевме со татко ти да те пречекаме…
– Не ме пуштија дома за викенд, мамо.
Марсиа ја прекри својата уста со дланките. Веднаш помисли на најлошото. Жоел се насмевна, свесен во која насако се движат мислите на Мариса, па рече;
– И, не, не побегнав од затвор, – додаде низ намсевка. – Ме пуштија на условна слобода.
Мариса повторно го прегрна силно.
– Тоа значи дека…
– Тоа значи дека од овој ден повторно сум слободен човек, мамо. Тоа значи дека правдината е задоволена. Поради моето добро однесување добив право на приговор и еве сум.
– Жоел, Жоел, сине мој…Не знаеш колку ме направи среќна. Чекај да слушнат татко ти и сестра ти за ова. Во секое време треба да се вратат од работа. Но, седни, седни синко…Сигурно си гладен. Само што ставив да се спрема вечерата, но можам да ти спремам нешто набрзина…
– Не сум гладен, мама, не грижи се. Само сакам да се истуширам, да ја симнам правта и миризбата од затворот од мојата кожа.
Мариса не можеше да му се изнагледа. Очите постојано и беа во ослзи. Но, овој пат, солзи радосници.
Големи и темни автомобили го преполнија паркингот пред мансионот на Албукерке таа вечер. Во големата градина зад вилата беа подигнати неколку бели шатори под кои беа наместени маси со стари вина од семејната лоза, скап шампањ и ексклузивни јадења. Оркестарот ја правеше атмосферата уште по убава.Нелсон Албукерке не штедеше ни пара за свршвачката на својата ќерка. Секој што значеше нешто во градот беше поканет, од министри, преку високи функционери, партнери, луѓе од црквата…
Мауро Албукерке само што го заврши краткиот разговор со заменикот на градоначалникот, кога посегна по чаша шампањ и пријде до својот татко кој како одличен домаќин ги пречекуваше гостите во градината.
– Мауро, сакам да зборуваш со Фелипе. Нека не дозволува никој да влезе без покана, без разлика дали се работи за дипломат или човек од печатот.
Додека Мауро се одалечи од својот татко за да разговаро со мајордомот, една млада и убава жена се одвои од групата во која беше и пријде до Нелсон.
– Сантана, ќерко, – крикна Нелсон кога ја здогледа. – Но, што ти е? Делуваш како да не си тука…
– Не можам поинаку, господине Албукерке. Слушнав дека Жоел Переира се враќа во Рио. Кажете ми дека не е вистина. Но, како можеле да го ослободат толку брзо?
– За жал, озборувањата се вистинити, Сантана. Жоел Переира е назад во Рио.
Сантана која со години му беше и не му беше девојка на Кристијано Албукерке, не можеше да продолжи со својот нормален живот ни пет години подоцна откако беше убиен единствениот човек кој некогаш го љубела во животот. Беше позната декоратока во Леблон и со години се обидуваше да ја потполни сентименталната шуплина која и ја остави Крситијано со работа.
– Мојот син да беше жив, денес можеби ќе ја славевме вашата свадба, – и рече Нелсон со скрешно срце.
– Сеуште не можам да го заборавам Кристијано, господине Неслон. Тој беше љубовта на мојот живот. Затоа не сакам Жоел Переира да биде слободен. Тој човек ми зеде дел од мене кога го уби Крситијано.
– Знам дека е така, мила, – рече Нелсон и ја зеде во прегратка несудената снаа.- Но, денес е голем ден за Каролина и не сакам никаква сенка да и ја поремети среќата.
Можеше да се каже со сигурност дека тој ден беше најсреќниот ден во животот на Педро Фалко. На себе носеше костум од бел лен и сина кошула која ја истакнуваше бојата на неговите очи. Неговата руса коса уште поубаво го правеше неговото нетипично лице. Во Леблон не многу се знаеше за Педро Фалко. Освен тоа дека се гледа со ќерката на Албукерке, за него се знаеше дека е само професор во некое училиште.
Каролина носеше специјална тоалета за таа пригода во боја на ноќта. Темно сина Диор тоалета со стотици ситни кристали кои сјаеа како ѕвезди под рефлекторите.
Многумина велеа дека се совршен пар со Педро и навистина беа. Двајцата русокоси , атипични и убави.
– Имам изненадување за Вас двајца, – им рече Неслон кога младите свршеници излегоа во градината. – Јахтата веќе отплови кон Бузиос, но затоа за вас го резервирав хеликоптерот. Помсилив дека вечер по забавата ќе сакате да заминете некаде сами. Каролина, морам да бидам искрен со тебе и сакам да занеш дека имам голема причина што сакам да те тргнам од Рио бар на неколку дена.
– Што се случило, татко?
Каролина немаше ни претстава за вестта која за малку ќе ја слушне. Целиот ден го помина во најситни подготовки за забавата и никој од присутните не се ни сомели да и го спомне името на Жоел Переира.
– Жоел Переира е пуштен од затвор и се враќа во Рио.
Каролина остана да стои како статуа. Никакв реакција не се покажа на нејзиното убаво лице. Само стоеше мирно не велејки ништо.
На големата капија пред мансионот, Мауро се справуваше со љубопитните новинари кои поставуваа скокотливи прашања.
– Не можам да Ви кажам ништо што веќе Вие не знаете, – им одговори помалку дрско. – Условната слобода на Жоел Переира е легално решение и не би сакал да зборувам на таа тема вечерва. Како што сите знаете ова е голем ден за мојата сестра и ако ме извините, би сакал да бидам со неа.
Мауро ја напушти капијата на која практично се бесеа љубопитните новинари и се упати кон градината каде што течеше забавата. Но, на балконот ја забележа убавата фигура на Сантана, па пријде до неа.
– Нема ли да ни се придружиш, Сантана?, – ја праша галантно.
Таа го погледна со своите темни очи. Беш една од најубавите жени кои некогаш ги запознал.
– Слушна ли кој е пуштен на слобода, Мауро?
– Очигледно нема човек во градов кој не знае за слободата на Жоел Переира денес, – цинично одговори Мауро.
– Ќе го убијам Жоел Переира, – низ заби процеди Сантана, гледајки во празно. –Ќе му ја дадам заслужената казна што го уби Кристијано.
– И како ќе го сториш тоа?, – зајадливо ја праша Мауро, верувајки дека тоа се само празни зборови од устата на вљубената девојка.
Таа посегна по својата чанта и извади мал револвер пред очите на Мауро, па одговори;
– Со ова.
продолжува