Пет атрактивни девојки ја промовираа новата кампања Femme Fatale на брендот Veet низ скопските улици кои за случајните минувачи претставуваа вистинска атракција.
„Femme Fatale„ или во превод „Неодолива жена“ е кампања на светско ниво со која глобалниот бренд број 1 за депилација Veet ги истакнува придобивките од користењето на овој производ, едноставно, брзо и лесно до убави нозе. Производите на Veet се наменети за сите девојки и жени кои водат брз и динамичен начин на живот.
Светскиот бренд на глобално ниво ги поддржува настаните за мода и убавина, а годинава за првпат го организираше настанот „Најубави нозе“, како и фотосесијата со згодните Македонки со која започна едукативната кампања наменета за млади девојки и жени. Несекојдневно во оваа кампања беше тоа што за заштитни лица избрани обични девојки од нашето секојдневие.
| ТВ Пакет