Турската серија „Украдена љубов“ од понеделник на Алфа
Oд понеделник на Алфа започнува нова турска серија. Се работи за акционата серија “Украдена љубов” која ќе ја гледате цело лето на програмата на Алфа.
Содржина:
Мави е млада девојка која живее во многу сиромашна населба во Истанбул заедно со нејзината сестра, нејзиниот брат и двете деца на нејзиниот брат. Со цел да го прехрани семејството, Мави станува дел од една банда која краде и препродава. Главен на бандата е Аксак, бунтовен и груб човек кој е вљубен во Мави.
Чинар е детектив кој е сосема посветен на работата и на семејството. Оженет е со жена која мечтаее да биде дел од високата класа, па поради тоа често се во расправии и нивниот брак полека се распаѓа.
Додека истражува мистериозно украдени автомобили, Чинар се запознава со Мави и се вљубува во неа. За кратко време, тоа се претвора во голема љубов. Чинар не знае дека Мави е крадец, а пак Мави конечно се предава на љубовта и покрај нејзиниот темперамент и предрасудите кон мажите. Но на патот на нивната љубов нема да стои само тајната за “работата” која ја има Мави по истанбулските улица и предградија, туку и Аксак кој нема да дозволи да ја изгуби Мави.
Улоги: Özlem Düvencioğlu (Мави), Uğur Yücel (Aksak), Timuçin Esen (Чинар), Erol Günaydın (Дурсун), Serkan Keskin (Бунајмин), Rasim Öztekin (Селахатин)
По завршувањето на оваа серија, од есен на Алфа продолжува “Дневникот на Фериде”, а започнува турската серија “Девојката со име Фериха”.
Дани Петковска | ТВ Пакет