Почетна / Телевизија / Маја Поцевска со нова емисија на Алфа

Маја Поцевска со нова емисија на Алфа

 

Од минатата недела на Алфа телевизија започна новата забавна емисија “Стар лајф” чија водителка е Маја Поцевска. Последен проект на Маја Поцевска беше ток шоу емисијата “ПМ магазин”, која се емитуваше на Алфа ланската сезона, а оваа емисија е малку поинаква. Во емисијата се емитуваат интервјуа со македонски и балкански естрадни личности каде Поцевска зборува за некои летни, скокотливи и табу теми поврзани со кариерата и приватниот живот на гостите. Емисијата се емитува секоја недела од 15:30 часот. Во овонеделната емисија, гости и беа Сандра Африка и Саша Ковачевиќ. Сандра Африка е српска пејачка, која наместо со талент, се прослави со голотија и сексипил.

 

 
Сандра Африка се соблече гола, а пак за соблекувањето на нашата сцена, Маја Поцевска вели: 

– Апсолутно немам ништо против еротиката на јавна сцена, напротив, тоа го поддржувам. Сепак, мора да се напомене дека ние сме мала средина, свеста е на пониско ниво и кај нас некои работи се уште се табуа. Жалосно, ама вистинито. Во светот жените одамна не се срамат да го покажат своето тело. Исто така не се срамат и од своите постапки. Kај нас, генерално, познатите сакаат да се претстават само во розово издание и не умеат да се носат и со неубавите аспекти на животот.

Слика
 
Во полуголо издание има позирано и Саша Ковачевиќ, кој во емисијата зборуваше за својата двегодишна врска, за пријателите на естрадата, за последниот спот и за новата песна “Noc po podne” која треба да излезе во наредниот период.

 

 

Даниела П.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!