Почетна / Живот / Протеинска иновација од Виталиа

Протеинска иновација од Виталиа

 

Истражувањата покажуваат дека  бројот на физичко-активните лица кои размислуваат во насока на менаџирање на својата тежина секојдневно се зголемува. Истовремено се  зголемува и  свесноста за здрави прехранбени навики кое наметнува потреба од наменски здрави продукти за надополнување на енергијата кои се нутритивно богати и кои ги следат трендовите во исхраната.

 

 

Диеталните влакна и протеините се потврдени состојки во креирањето на ситост и градењето на мускулна маса. Токму затоа Виталиа ја создаде новата линија Sport Bar и Sport muesli – единствениот протеински бар и мусли на пазарот кои нудат богата содржина на нутриенти специјално дизајнирани за спортски активните лица. Како извор на протеини, јагленохидрати и масти, ги задоволуваат потребите за брзо ослободување на енергија и  постигнување на оптимална телесна тежина.

 

 

Sport Bar е понуден во две варијани и тоа посен и регуларен, при што потрошувачите можат да изберат два вкуса: ананас и чоколадо. Протеинскиот состав е извонредно богат во просек 20g во 60g бар (или 30% протеини). Оригиналноста на продуктот е и во содржината на суперхрана и тоа киноа и хељда кои дополнително ја зајакнуваат нутритивната вредност на продуктите.

За оние кои сакаат протеински оброк во форма на мусли Виталиа го разви Sport кранчи мусли со вкус на кокос и темно чоколадо кое ги има истите важни атрибути како и Sport баровите.

 

 “Виталиа процени дека е вистинско време на своите потрошувачи да им понуди протеинска иновација, формулирана од здрави и природни ингридиенти, која ќе допринесе за зголемување на физичките перформанси. Нашите потрошувачи се секогаш во центарот на вниманието, а новата здрава  SPORT протеинска линија на Виталиа е поддршка во нивната определба на најздрав начин да ги постигнат посакуваните врвни резултати, изјави г-ѓа Искра Ветаџокоска Муцунска, ко-сопственик на Виталиа.

 

 

Ефектите од конзумирање на Спорт линијата се воочуваат преку зголемувањето на физичките перформанси на телото, т.е зголемување на силата и мускулната маса, во надополнување на потрошената енергија на организмот за време на активностите и олеснување на тегобите од напорните тренинзи. Со новата протеинска линија Виталиа внесува нова возбуда и квалитет во исхраната на спортски активните потрошувачи. Виталиа го најавува и летниот спортски карван на дегустации на новата линија, а секој оној кој е физички активен во овој период ќе има можност да биде дел од истиот.

 

 

Иновативноста и оригиналноста на новата спорт линија на Виталиа ќе ја зајакне врската помеѓу потрошувачите и нивната доверба во брендот Виталиа како лидер во својот сегмент  целосно посветен на здравјето на своите консументи.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!