Тензичната атмосфера која се создаде на сетот на индиската серија „Pavitra Rishta“ (Огнови на љубовта) ни малку ни повеќе е предизвикана од актерката Анкита Локханде. Изгледа дека актерката има зацртано во својата глава да стане една од најбараните и најплатените боливудски актерки кои се заминаваат со оваа работа, ставајќи ја во збрка продукциската куќа Балаџи Телефилс со чело на Екта Капур.
Актерката побарала драстично зголемување на нејзиниот хонорар, како оној на Рам Капур и Сакши Танвар, најплатените телевизиски актери во Индија. Но Екта Капур и продукциската куќа не и обрнуваат внимание на Анкита и не ја прифаќаат нејзината побарувачка. Засега може да се каже дека иднината на серијата е во рацете на Анкита Локханде. Доколку Анкита се откаже од проектот поради хонорарот, серијата најверојатно ќе биде тргната од програмата, односно укината.
Баже Николоски | ТВ Пакет