Почетна / Серии / Детската серија “Римски мистерии” на МТВ 1

Детската серија “Римски мистерии” на МТВ 1

Историската авантура “Римски мистерии” oд понеделник до петок во 17:45 часот на МТВ 1

 

Иако беше најавена за летниот распуст, сепак детската серија “Римски мистерии” низ 20 продолженија ќе се емитува од понеделник, 8 септември. Се работи за серијата “Roman mysteries”, базирана на детските новели на Керолајн Лоренс. Епизодите се базирани на новелите : The Gladiators from Capua, The Twelve Tasks of Flavia Gemina, The Colossus of Rhodes, The Fugitive from Corinth и The Slave-girl from Jerusalem. Серијата се смета за најскапа детска серија во Британија, снимена во 2 сезони од јуни 2006 до септември 2008 година. Ќе се емитува од понеделник до петок во 17:45 часот со реприза во 11:30 часот претпладне. 

 

 

Дејството на серијата се одвива за време на бурните случувања во Римската империја каде што четири деца ќе се соочат со чудни мистерии кои владеат во градот на кој му се заканува најголема природна катастрофа. Нивните храбри потези ќе ги одведат на опасни места каде ќе мора да се соочат со бруталните закони на Римската империја. 

Улоги: Francesca Isherwood (Флавија), Rebekah Brookes-Murrell (Нубија), Eli Machover (Џонатан), Harry Stott (Лупус), Millie Binks (Пола), Eoin McCarthy (Маркус, таткото на Флавија), Eoin McCarthy (Гаиус, чичкото на Флавија), Stephen Mapes (таткото на Џонатан), Natasha Barrero (сестрата на Џонатан)

 

Од понеделник на МТВ 1, освен новава серија, ќе се емитува и документарната серија “Дивиот свет на Кина” во 18:15 часот, а пак за време на продолжениот викенд во вечерните термини ќе се емитува македонскиот филм “Трето полувреме”, поделен во три продолженија.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!