Иако претходно објавивме дека ја гледате последната сезона од „Огнови на љубовта“, сепак продуцентката на серијата Екта Капур реши да го продолжи дејствието на серијата 5 години подоцна.
Анкита Локханде (Арчана) го доби тоа што сакаше, стана најплатена телевизиска актерка во Индија, а со тоа всушност го продолжи и животот на серијата која ќе беше укината доколку таа ја напуштеше истата.
Во новата етапа ќе имате можност да видите како Нарен (Каран Мехра) ќе биде благословен со ќеркичка, Аши чија мајка е Анкита. Ќерката ќе живее со Нарен, додека пак Анкита ќе го напушти Нарен се со цел да биде среќен во брачниот живот со Пари.
Во меѓувреме, продуцентите одлучија да стават крај на приказната за најпопуларниот пар Арџун и Пурви се додека потребите на сценариото не побараат тие повторно да се вратат, но и ако се вратат тие ликови ќе бидат толкувани од други актери. Се шпекулира дека понатаму приказната ќе ја донесе и нивната смрт.
Баже Николоски | ТВ Пакет