Сто дваесет и седмо продолжение од вебновелата “Црвена месечина”
Клеменсија го искористи моментот додека Марија Клара беше во бањата за да разговара со Дијана насамо.
– Од оној пат кога Фабијан и кажа на Марија Клара дека била силувана, девојката не престана да прашува дали е вистина, стана љубопитна, се распрашува…Но, јас сеуште се плашам да ја соочам со вистината. Сега кога се смири, би било страшно да и кажам толку болна вистина.
– Морате да го сторите тоа, Клеменсија. Најдобро е да и каже некој кој ја сака а не Фабијан.
– Јас не би знаела ни од каде да почнам , – очајно рече старицата. – Oсвен тоа знам дека ќе ми префрли што таев сите овие години.
– Јас можам да и помогнам, – решително рече Дијана. – Со помош на хипнотерапија, сигурна сум дека ќе се сети.
Артемио излезе од бањата, застана пред огледалото за да ја намести краватата кога до него пријде Лусија со телефонската слушалка в рака.
– Те бара Висента, – му рече, подавајки му го телефонот.
– Да, Висента, кажи.
– Сакам да го исполниш твојот дел од договорот. Ако не заминеш од Сан Крситобал, се ќе и кажам на Матилде.
– Во ред, само дај ми време.
– Не многу. И немој да мислиш дека ако ме убиеш ќе се спасиш од мене. Има луѓе кои знаат се, се за твоите валкани игри. Дали сум јасна?, – го праша смело и ја спушти слушалката.
– Што сакаше таа жена?, – го праша Лусија.
– Сигурен сум дека Лоренсо го одврзал јазикот, – бесно процеди Артемио. – Но, подоцна ќе се погрижам за него. Што чекаш, јави му се на Тулио и речи му да дојде веднаш.
– И не се плашиш дека Молина може да го препознае Ратас? Не заборавј дека тој го нападна во паркот. Подобро е јас да ја завршам работата наместо Ратас, – се понуди Лусија. – Колку помалку луѓе се вмешани, подобро.
Марија Клара читаше роман во својата соба, кога во просторијата влезе Фабијан. Неговата појава и присуство сеуште ја правеа нервозна и збунета како некогаш.
– Тетка ти ми кажа дека си подобро.
– Да.
– И значи утре треба да одиме да побараме развод кај нотарот. Денес бев многу зафатен и не успеав.
– Не е важно, ќе одиме утре, – мирно рече Марија Клара, не подигнувајки го погледот од книгата.
– Знаеш ли што бара Алехандро во Мексико Сити?, – ја праша.
– Не.
– Знаеш ли дека Карлос Дуран е во селото?
– Не. Зошто дошол?
– Немам претстава. И што реши да правиш со твојот живот откако ќе се разведеме? Ќе останеш тука со тетка ти како порано?
– Не, ќе се омажам за Алехандро.
На лицето на Фабијан се развлече цинична насмевка.
– И му кажа дека никогаш нема да можеш да му родиш деца?
– Да, нему не му е важно. Рече дека секогаш можеме да посвоиме.
– Секако, доколку е блиску твоите пари подготвен е на секаков компромис, – зајадливо дофрли тој.
– Откако видов дека влегуваш во мојата соба, знаев дека доаѓаш за да ме малтретираш. Но, повеќе ништо од твоите зборови не допира до мене.
– Сигурна си дека е така? Сигурна си дека ништо што можам да кажам не може да те вознемири? Јас не мислам така. Твојот срам може да биде толку голем што нема да си дозволиш да излезш ни во градината.
– Што се случува овде?, – праша Клеменсиај која влезе во собата за да и посака добра ноќ на својата внука.
– Ништо, дојов само да видам како е Марија Клара, – рече Фабијан пред да ја напушти собата.
– Што ти кажа?, – Клеменсија ја праша својата внука, плашејки се од најлошото.
– Ништо. Само бесмислици како и обично.
Веракруз, Веракруз
Враќајки се од главниот град, Алехандро го посети доторот кој ја имаше примено Марија Клара, истиот кој ја извести за абортусот.
– Повелете, господине Молина, – докторот срдечно го прими.
– Како сте, докторе?
– Седнете.
– Благодарам. Докторе, разбрав дека вие сте ја следеле бременоста на госпоѓа Марија Клара Валенсија и сте ја известиле за абортусот.
– Да, се сеќавам. Има ли некакви компликации?
– Не. Јас сум нејзин зет и би сакал да знам зошто Марија Клара не може да има повеќе деца?
– Тоа не е вистина, – рече докторот. – Лошо сте биле известен. Сопругот на госпоѓа Валенсија добро знае дека неговата жена може да има деца.
Долгото ѕвонење на влезната врата ја прекина Висента во домашните обрски и појде да отвори. Пред неа стоеше професорот Армандо, стариот потстанар во пансионот.
– Професоре, – крикна таа, среќна што го гледа.
– Како си, Висента?
– Добро, благодарам. Од каде вие овде? Но, влезете, влезете. Ова е навистина убаво изненадување.
– Висента, морам да зборувам со тебе за нешто многу сериозно. Можеме ли да зборуваме насамо?
– Секако. Да одиме во кујната, ќе се напиеме и кафе.
Фабијан ја побара Маргарита во нејзината соба. Мораше да разговара со неа.
– За што сакаш да зборуваме?, – го праша таа.
– За дон Балдомеро и за она што навистина се случи.
– Не ме интересира, – дрско одговори девојката.
– Мислев дека сакаш куќа…
Маргарита замолче. Куќата беше доволен повод да слушне што има да каже.
– Јас не го убив Балдомер Фрагосо, мораш да ми веруваш. Твојот вујко е убиецот.
– Секако. Сега кога мојот вукјо е мртов, лесно можеш да префрлаш вина на него.
– Епигменио е мртов?, – шокирано праша Фабијан.
– Не ми глуми. Добро знам дека ти си го убил!
Висента го сослуша очајниот татко кој сеуште не можеше да се помири со смртта на неговата сакана ќерка.
– Сеси беше толку млада, полна со живот…Кога ми кажа дека носи дете од тој човек, Диего Луна, прво не и верував, но кога побегна од дома за да го пронајде, знаев дека ја зборува вистината. Никогаш потоа не ја видов повторно.
– Сеси дојде во пансионот и праша дали Диего живее уште тука, – се надоврза Висента. – Откако заминавте од селото нештата се променија. Диего Луна беше лажно име на човекот кој всушност се вика Алехандро Молина. Сеси побара да и кажам каде е сега и јас и ја дадов адресата од хотелот каде што беше сместен Алехандро во Мексико Сити. По некое време дознав дека се удавила.
– Сесилија не се удавила, – низ солзи рече Армандо. – Мојата ќерка била убиена, доња Висента. Колку сакаат нека зборуваат дека си го одземала животот во очај, јас сум сигурен дека тој човек, Диего или Алехандро ја има убиено за да не ја прифати одговорноста дека мојата ќерка носи негово дете.
– Никогаш немав добро мислење за Алехандро, уште од денот кога дојде како гостин во пансионот и се претстави како Диего Луна, – рече Висента. – Но, убиец?! Не верувам, дон Армандо.
– Не заборавјате колку глумеше жртва колнејки се дека не спиел со мојата ќерка. На крајот се испостави дека лажел. Случајот остана затворен, но јас нема да се смирам додека не се соочам со тој човек и не ја приезнае вистината.
Лусија се најде со Тулио, еден од платениците на Артемио во барот во Сан Кристобал.
– Што треба да направам?, – праша човекот.
– Да киднапираш една личност.
– Маж или жена?
– Жена.
– Кога?
– Најскоро што можеш. На дон Артемио му е итно.
Артемио го заврши писмото кое го пишуваше цело утро. Го затвори во жолто плико, го запечати и слезе на рецепција.
– Сакам ова писмо веднаш да биде испратено на хациендата Ла Луна, Бенигно. Сакам лично ти да го доставиш, – му рече на рецепционерот кој послушно кимаше со главата.
Фабијан седеше мирно во колибата која некогаш му припаѓаше на Родолфо Валеснија, истата онаа која Алехандро ја користеше како засолниште. Ја допуши цигарата и го фрли пикавецот на подот. Погледна во рачниот часовник. Маргарита уште ја немаше. Кога девојката дојде на договореното место забележа дека Фабијан е нервозен.
– Каде беше до сега?, – ја праша.
– Имав работа. Зошто ми рече да дојдам дури до тука?
– Имам потреба од тебе, – рече тој, љубејки ја по вратот.
– Јас немам, -одбивно рече девојката, туркајки го од себе. – Кога ќе ги видам клучевите од куќата која ми ја вети, тогаш ќе зборуваме.
– Застани, – тој грубо ја повлече за рака. – Велиш дека Епигменио е мртов.
– Да, и сигурна сум дека ти го имаш убиено, како што го уби дон Балдомеро.
Фабијан и замавна толку силна шлаканица, што Маргарита падна на подот. Почуствува крв во устата. Стана, полна со насобран бес и почна да го удира Фабијан.
– Несреќнику! Гаду! Искомплексирано суштество!
– Како се осмелуваш?
– Што е? Се плашиш да ја слушнеш вистината?! Дека не те бива за ништо, дека твојот живот е неуспех од секоја гледна точка. Не знаеш да задоволиш ни жена во кревет.
– Тогаш зошто ми се нафрлаше?
– Поради тоа што верував дека можам да извлечам пари од тебе. Никогаш не би спиела со тебе од задоволство. Затоа не можеш да ја задоволиш ни твојата сопруга!
– Замолчи, проклета, замолчи!
Фабијан ги стави своите раце околу нејзиниот врат и почна да пристиска колку што имаше сила. Маргарита почна да се задушува. Го исплази јазикот борејки се за воздух. Се бореше со целото свое тело, но беше залудно, во секоја секунда губеше се повеќе здив. На крајот падна на подот со отворени очи. Беше мртва. Фабијан го гледаше својот одраз во нејзините зеници.
Уште само 3 продолженија до крајот!
LucasScott | ТВ Пакет