Почетна / Телевизија / 20 години од раѓањето на феноменот „Пријатели“

20 години од раѓањето на феноменот „Пријатели“

20 години од раѓањето на „Пријатели“

На денешен ден, пред точно 20 години, на 22 септември 1994 г. светот за прв пат ги запозна “Пријатели“, ситком серијата која се прикажуваше на NBC каналите низ САД.

Во бела венчаница, Рејчел дотрча меѓу своите идни пријатели во кафетеријата Централ Перк, а сите заедно со фамозната софа и големите шољи за кафе зачекорија во историјата и станаа миленици на милиони гледачи.

Ниту креаторите, Кауфман и Крјен не биле свесни дека нивната серија ќе обележи многу генерации. На прашањето дали замислувале колкава прашина ќе крене “Пријатели“, за британскиот Гардијан Крејн одгворил; “О Боже, дали можете да замислете некој да одговори потврдно на тоа прашање. Кој всушност го прави тоа?“

Марта Кауфман и Дејвид Крејн биле пријатели целиот свој живот. Во 1994. HBO ја откажал нивната серија “Dream On” па Марта и Дејвид ги креирале „Пријатели“. И двајцата биле свесни колку приказната е одлична, но се плашеле од откажување на серијата, бидејки многу одлични серии биле откажувани во тоа време.

Кога го креирале првобитниот концепт за пријатели во своите доцни дваесети години, морале да најдат соодветни актери за живите јунаци.

Улогата на Рос била специјално пишувана за Дејвид Швимер, бидејки актерот и претходно соработувал со авторите на други проекти. Најголема главоболка им создавал ликот на Чендлер, но кога на аудиција се појавил Метју Пери, сите дилеми биле решени.

И  Крејн и Кауфман сеуште добро ја помнат вечерта на 22 септември 1994 г. Било вторник и ги броеле секундите до емитувањето на првата епизода. Се плашеле од фијаско бидејки во тоа време на ТВ екраните царувале „Сејнфилд“, “Фрејзер“ и „Луд за тебе“.

Но, на крајот излегло дека стравот бил непотребен. Серијата набрзо станува огормен хит. Марта и Дејвид изјавиле дека секој понеделник имале проба, па го корегирале текстот. Во вторниците имале генерални проби и нови поправки, во средата епизодите биле призентирани пред челниците на телевизијата, во четврток го доработувале сценариото а во петок било снимањето на епизодите.

Колку светот ги сака „Пријатели“ зборува и рејтингот кој растел од сезона во сезона.

Денес Крејн е ценет автор и сценарист на успешната серија „Епизоди“ додека Кауфман снима филмови и работи за театар во Л.А.

И поккрај шпекулациите за филмска доработка на култната серија, авторите велат дека тоа никкогаш нема да се случи.

„Отсекогаш знаевме дека серијата ќе заврши кога ликовите ќе создадат свои фамилии“- заклучила Кауфман. „Тогаш повеќе немате време за пријатели. Се се менува“.

 

ЈоцКо|ТвПакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!