Денешно време
Во рудникот за злато пристигна новиот управник. Ектор Фалкон беше образован млад маж кој имаше голема амбиција да стане нов и единствен сопственик на најголемиот рудник со злато во државата.
Тоа попладне, неколку јапонски стручњаци беа во визита на рудникот и топилницата по покана на дон Вадо. Ектор Фалкон на својот прв работен ден имаше задача да им ги покаже способностите и капацитетите со кои располагаше рудникот.
– Како што гледате, господа, големо внимание посветуваме на одржувањето на печките за топење со цел да се зголеми безбедноста, – Ектор со рака им ги покажуваше големите печки во топилницата. – Јас се извинувам господа, заборавив да напоменам дека течно зборувам четири јазици па можеме да зборуваме и јапоснки.
Во меѓувреме, шефот на смена, Тристан Фуего го тргна Мелчор Рентеира од работата на печката бидејки забележа аномалија во работата на истата. Сигурно се работи за некои дефект кој можеше да предизвика големи последици, заклучи Тристан. Го сопре работењето на печката надевајки се дека ќе наиде на разбирање кај новиот управник. Иако, Ектор му беше роден брат, Тристан одбиваше да го гледа како таков, бидејки за него крвната врска прекина кога Ектор ја остави фамилијата и се откажа од истата.
– Оваа печка не е исправна и го тргнав работникот поради безбедност, – Тристан го извести Ектор, кога инжењерот пријде со своите гости и блескавата насмевка на лицето.
– Јас сум тој што одлучува кој и кога ќе престане да работи, – дрско му дофрли Ектор покажувајки ја својата моќ и позиција. – Сите назад на своите места! Пуштете ја печката да работи! Овде никој друг не извршува наредби освен јас!
Стариот Мелчор не чекаше да му кажат два пати. Не сакаше да прави проблеми помеѓу управникот и неговиот шеф па направи чекор и се врати назад кон печката.
– Стој, Мелчор!- Тристан извика по старецот.
– Овде не се чека! Овде се работи!, – низ заби процеди Ектор.
– Не грижи се за мене, Тристан, – старецот го советуваше младиот шеф. – Остави ме да продолжам да работам.
– Ако му се случи нешто на Мелчор, има да ми платите…господине!, – прекорно му дофрли на својот надреден пред да се врати на работа.
Во моментот кога Мелчор приоѓаше до големата печка, во топилницата одекна силна експлозија. Тристан потрча кон печката. Неколкумина работници се обидоа да го спречат во намерата бидејки доаѓаше голем пламен и црн чад.
– Повикајте итна помош!,- се слушаа гласови.
Тристан успеа да го извлече стариот Мелчор од пламенот, но старецот веже беше сериозно повреден и со силни изгореници по телото.
– Смири се, стари, – го тешеше. – Ќе дојде итна помош. Мораш да бидеш силен.
Густиот чад од топилницата го правеше малиот град сив и задушлив. Единствена оаза беше реката неколку километри одалечена од градот на која се капеше Макарија Ромеро со преубавата дваесет годишна Јулиса и неколкумината штитенички на кои им беше кума.
Макарија Ромеро беше грешница и светица истовремено.
Стана позната во крајот кога за себе откри дека има моќ да ги вади злите магии од луѓето и да ги штити и благословува девојките кои страдаа од невозвратена љубов. За кратко време, Макарија стана омилена и ценета кај луѓето кои ја бараа за помош. Беше таинствена, достоинствена, вреда и побожна жена.
Но, нејзината судбина не беше нималку лесна. Скоро откако се досели во Малиналко со Јулиса, Макарија дозна дека е јалова. Тагата и бесот се населија во младата жена. Но никогаш не го загуби духот. Никогаш не дозволи Јулиса да израсне без мајчина љубов.
По многу години живот во горчина во нејзиниот живот се врати Мелчор Рентеира. Ослободен од затвор поради добро однесување, Мелчор се врати во градот и се вработи во единственото место каде што можеше да најде работа старец како него, во рудникот за злато како рудар. Во рудникот кој некогаш го поседуваше.
Денес, Макарија стоеше пред младата Јулиса, на местото каде што реката беше најбучна, под големиот водопад, благословувајки ја младата жена и штитејки ја од можните зла. Макарија сметаше дека дваесетиот роденден на Јулиса е идеално време за девојктаа која станува жена да ја дознае вистината за своето потекло.
– Семожниот бог и Богородицата од Кармен нека те штитат од лошите луѓе и нека најдат место во твоето срце за вистинска љубов. Од денес, ти си жена, Јулиса. Од денес, помеѓу нас две нема веќе ниту лаги, ниту тајни. Има нешто што сакам да го знаеш. Нешто што не сум ти го кажала до сега. Јас не сум твоја мајка.
Додека ги слушаше ваквите зборови, сенка на изненаденост и молк прејде преку убавото лице на Јулиса.
– Што зборуваш, мамо?
– Само што се роди, твојот кум Мелчор те донесе кај мене, во моите раце. Од тој ден, ти беше моја единствена радост, мојот ангел, мојата смисла за живот…Ми беше и повеќе од ќерка. Денес ти давам благослов, не само за да те заштитам од злите сили туку и да те заштитам од се што ќе те чека во животот.
– Тогаш…Ако ти не си моја мајка…Која е?, – со треперлив глас праша младата жена.
– Само Мелчор може да ти ја каже вистината за твоите родители. Само се молам да не ме оставиш и да престанеш да ме сакаш кога ќе ја откриеш тајната за твоето потекло.
Макарија со соли гледаше во Јулиса која пријде близу неа и со сета своја љубов ја прегрна жената која ја израсна и ја сакаше како мајка.
– Не, мамо, не зборувај така. Ти беше и секогаш ќе бидеш моја мајка.
– Но не и онаа која те родила, Јулиса.
– Можела да ме роди било која, но онаа која ме израсна, која секогаш беше покрај мене е жената која сега стои пред мене. Ти секогаш ќе бидеш моја мајка. Мамо…
– О, Јулиса, – солзите на Макарија лизгаа по кожата на Јулиса. – Ќерко. Никој не може да те сака повеќе од мене. Јас сум твоја мајка иако не сум те родила.
Макарија се насмевна благо и ја помилува Јулиса по косата.
– Знам. Сакам да знаеш дека ова откритие нема да промени ништо помеѓу нас. Јас сум твоја ќерка а ти си моја мајка.
Макарија почувствува олеснување. Нејзината ќерка сеуште ја сака со полно срце.
Одеднаш, Макарија пребледе. Како да почувствува нечија сенка, морници ја обземаа по телото. Девојките околу неа забележаа дека нешто не е во ред. Знаеа дека Макарија може да предвиди нешта.
– Богородице, помогни ни!, – извика една од девојките. – Како да доживува срцев удар. Нешто се случува.
Девојките се вознемирија кога го здогледаа Хосе Фрихол како приоѓа до жените во водата. Мажите не смееа да присуствуваат на ваквите свечености.
– Доња Макарија, Јулиса!, – возбудено ги предупреди Кристела. – Доаѓа Хосе Фрихол.
Макарија нагло се заврте.
– Што бараш ти овде? Добро знаеш дека за време на ваквите ритуали не смее да доаѓаат мажи. Оди си!
– Доња Макарија, дојде до несреќа! , – задишано и одвај до збор дојде момчето. – Мајка ме прати по вас. Рудникот…
– Што е со рудникот?, – нервозно го праша Макарија.
– Експлозија! Целиот град е таму. Дон Мелчор е тешко повреден. Бара да ве види.
– Не!
Макарија без осет ги ринеше своите нокти во кожата на младото момче како да сакаше што поскоро да ги извлече лошите вести од момчето.
– Не!, – како молња одекна Јулиса.
– Твојот кум, Јулиса, мојот Мелчор. Знаев!, – скршено изговори Макарија земајки ја во прегратка Јулиса.
ПРОДОЛЖУВА